Eдна капсула до ефтин и ефикасен начин на подобар тренинг

kofein marija
Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува заморот, ја подобрува концентрацијата, фокусот и ја зголемува будноста. Тој е најчесто користена психоактивна супстанца во светот. Caffeine anhydrous или дехидриран кофеин(без вода) во форма на капсула, во многубројни студии се покажува како најефикасен начин во зголемување на перформансите, поефикасен од кофеинот во кафето.

Kофеинот делува со заменување на аденосинот во мозокот. Преку аденосин рецепторите телото добива сигнал за чувство на замор и поспаност.
Со заменување на аденосинот се елиминира заморот, се подобрува фокусот и концентрацијата, и она што е најважно за спортистите е тоа што го стимулира централниот нервен систем со што се зголемува издржливоста и силата.

 

Конзумирањето на кофеин исто така го поттикнува процесот на липолиза, процес во кој масните киселини се ослободуваат во крвта. Кофеинот го забрзува метаболизмот и помага во топењето масти.

 

Kофеинот и тауринот имаат силна синергистичка врска и помагаат во зголемување на енергијата и когнитивните перформанси. Тауринот е природно оформувачка аминокиселина со највисока концентрација во белите крвни зрнца, скелеталните мускули, централниот нервен систем и срцето. Тауринот го зголемува балансот на вода и минерали во мускулните ќелии, го зајакнува срцето, го намалува крвниот притисок и ја спречува дехидратацијата.
Една од најефикасните комбинации на кофеин и таурин претставува Amix Caffeine with Taurine во форма на капсула која содржи перфектна и докажана доза за зголемување на перформансите од 200мг кофеин и 400мг таурин.
Препорачана употреба: земете една капсула 60 мин пред физичка активност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu