Ефекти на Колагенот врз здравјето на зглобовите

остео

Придобивки од суплементацијата со Колаген хидролизат кои придонесуваат за здрави зглобови, се пријавени од голем број клинички студии ширум светот. Долгорочната суплементација со Колаген претставува ефективна опција за заштита на зглобовите, зголемена еластичност на меките сврзни ткива, како и целосно и побрзо опоравување од болка и воспаленост.

Колагенот е основен структурен протеин кој ги оформува меките сврзни ткива, и е витален компонент на зглобовите, коските, тетивите, лигаментите, ‘рскавиците и кожата. Колагенот се содржи од специфични витални аминокиселини аргинин, пролин, глицин и хидроксипролин.

 

 

Човековото тело содржи и искористува 20 варијанти на колаген аминокиселини, но постојат три главни типа на колаген кои се најзастапени.

  • Колаген тип 1 – овој тип на колаген се наоѓа примарно во кожата, ѕидовите на артериите, коските и лузните.
  • Колаген тип 2 – тип 2 колагенот е најзастапен во меките сврзни ткива како тетивите, лигаментите, ‘рскавиците и е најважен за здравјето на зглобовите.
  • Колаген тип 3 – се наоѓа претежно во крвните садови.

 

Како колагенот придонесува за здрави зглобови?

Оптималната мобилност на зглобовите е резултат на здрави ткива на зглобот и негова еластичност. Колагенот е неопходен како основен компонент на овие ткива. Истражувањата сугерираат дека зголемениот внес на колаген преку суплементација придонесува за здрави зглобови, преку зголемување на клеточната поправка па дури и раст на ново ‘рскавично ткиво на зглобовите.

                                  

Спортистите се често изложени на ризик од повреда на колената или другите зглобови поради постојаниот напор врз зглобовите и нивната прекумерна употреба при физичка активност. Студија  во која 24 недели бил користен колаген хидролизат тип 2 како суплемент резултира со анаболичен ефект на меките ткива во зглобовите, а и подобрување на симптомите на болка и воспаление.

 

 

Osteo Gelatin Caps на Amix Nutrition е специјално дизајниран суплемент за заштита на зглобовите како и нивно побрзо заздравување, и е од голем бенефит за спортистите поради секојдневниот притисок и оштетување на сврзните ткива на зглобовите.

Тој се состои од природна форма на колаген хидролизат кој најефикасно се апсорбира од телото и е збогатен со MSM(метил сулфонил-метан). MSM е органска форма на сулфур, минерал кој е важен елемент за правилна функција на ткивата на зглобовите и стабилизација на сврзните ткива. Ја намалува болката во зглобовите и воспаленијата, и е есенцијално да се внесе преку суплементација затоа што поголемиот дел од MSM внесен преку исхраната е уништен при процесот на варење на храната.

За заштита и правилна функција на зглобовите, земете од Osteo Gelatin Caps, 6-10 капсули дневно на празен стомак.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu