Како побрзо до целната линија

timea rocks

Енергетските гелови се лесно пренослив и удобен начин да се надополни телото со јаглехидрати при долготрајни активности кои бараат висока издржливост. Јаглехидратите во овие гелови го надополнуваат гликогенот во мускулите и го одложуваат заморот и исрцпеноста. При вакви активности телото користи два примарни извори на енергија: масти и јаглехидрати. Мастите се во голема мера позастапени, но да се доведат до искористлива енергија е бавен процес, што ги прави неефективен извор на енергија при трчање или било која друга активност, во која се користи 60-70% од максималниот аеробен капацитет.

 

Затоа при овие активности телото се потпира на јаглехидратите како примарен извор на енергија.

Тогаш зошто едноставно не се наполниме со јаглехидрати пред активност.

Проблемот е во тоа што главна залиха на јаглехидрати се наоѓа во скелеталните мускули и е лимитирана на околу 90 минути енергија од гликоген.

Доколку не сте елитен маратонец најверојатно ќе имате потреба од дополнување со јаглехидрати и брза енергија.Едноставно енергетските гелови се дизајнирани да го надополнат гликогенот кој се губи при физичката активност.

 

 

Amix Rock’s Energy Gel е екстремно брз извор на енергија, кој содржи супер концентриран комплекс од јаглехидрати и кофеин. Кофеинот е моќен стимуланс кој делува врз централниот нервен систем и рецепторите на аденосин во мозокот, со што се добива поголем фокус но и го одложува мускулниот замор, со брз наплив на енергија.

Состојки: сахароза, вода, малтодекстрин, фруктоза, декстроза, исомалтулоза (Palatinosa™), Fibersol® (малтодекстрин отпорен на варење), Trisodium Citrate (Содиум), Tripotassium Citrate (Потасиум), кофеин.

Препорачано дозирање: За брза енергија земете го Rock’s енергетскиот гел пред или за време на физичка активност. Не земајте повеќе од 4 гела дневно.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu