Најпопуларниот согорувач на масти

86754923_1288144578048754_611238219190632448_n

Л-карнитинот се синтетизира во човековото тело од аминокиселините lysine и methionine. Без разлика кои се вашите цели дали пробувате да добиете мускулна маса или да ги изгубите телесните масти, шансите за остварувањето на овие цели се поголеми ако се одлучите на суплементација со Л-карнитин.

Но зошто е тоа така и кои се бенефитите од Л-карнитинот?

Согорување на телесните масти
Најкритичната улога која ја има Л-карнитинот во телото е способноста да ги транспортира мастите, поточно масните киселини со долг ланец како триглицеридите во митохондријата-(клеточни органели кои делуваат како дигестивен систем за хранливите состојки, ги разградуваат со што создаваат енергија во ќелиите). Штом мастите стигнат во митохондријата тие може да оксидираат и да продуцираат енергија. Не само што ќе помогне во тоа телото да не складира масти туку ќе ги зголеми перформансите и аеробниот капацитет, со што ќе се овозможи зголемено согорување на калории.

Мускулна маса
Л-карнитинот е исто така одличен за оние кои пробуваат да ја зголемат мускулната маса. Суплементацијата со Л-карнитин помага во зголемувањето на силата, со што кревањето на поголеми тежини резултира со зголемување на мускулна маса на подолги патеки.

Подобрување на перформансите
Со суплементирање на Л-карнитин при тренинзите се намалува согорувањето на мускулниот гликоген, поради зголемената способност за користење на мастите како енергија.
Со зачувувањето на мускулниот гликоген се намалува млечната киселина во мускулите и се зголемува нивото на креатин фосфат што ви озмозува зголемена енергија и подолги тренинзи.


Л-карнитинот на MAXLER доаѓа во форма на силен Л-карнитин концентрат , во течна состојба за подобра абсорпција. Збогатен со екстракт од зелен чај, содржи 2000мг Л-карнитин во сервирање од 20мл.

Препорачана употреба: Промешајте добро пред употреба. Земете едно сервирање 20мл (на капачето) на ден, пред тренинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu