Трибулус- ѓаволски трн до ѓаволска моќ

tribuzma

Tribulus Terrestis e латински назив за билката која е адаптирана да живее во суви и топли климатски предели како јужна Европа, јужна Азија и Африка. Трибулусот е познат и по народните имиња (Бабин Заб и Ѓаволски Трн). 

Употребата на оваа билка датира од времето на традиционалната кинеска медицина каде што била употребувана како тоник, но и во индиската ајурведа како афродизијак. Во средината на минатиот век трибулусот станува познат и во Северна Америка, по употребата на Источно Европските Олимпијци и  нивното тврдење дека им помогнал во перформансите.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД TRIBULUS TERRESTRIS?

Спортистите и бодибилдерите се во постојана потрага по додатоци кои ќе им дадат значајна предност во натпреварувањата и постигнувањето на своите цели, на безбеден начин и без употреба на синтетски анаболни стероиди. Трибулусот е природен нехормонален препарат и е доста популарен поради фактот дека е исклучително ефективен во зголемувањето на природниот тестостерон во организмот.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕСТОСТЕРОНОТ

Тој делува преку стимулирање на (LH) лутенизирачкиот хормон кој индиректно ја стимулира продукцијата на тестостерон во тестисите. Екстрактот од трибулус содржи стероидни сапонини од кои клучната активна супстанца е protodioscin.

ЗГОЛЕМЕНА МУСКУЛНА МАСА

Една од причините што трибулусот е популарен кај бодибилдерите е што помага при зголемување на мускулната маса поради високите нивоа на слободен тестостерон. Што повеќе тестостерон циркулира низ организмот толку е поголем потенцијалот за градење на мускулите. Тестостеронот не само што асистира во растот на мускулите туку и во опоравокот на оштетените мускули и не одржува во анаболна состојба.

ЗГОЛЕМЕНО ЛИБИДО

Намаленото либидо може да биде штетно по нашето ментално здравје и нашиот сексуален живот. Една од причините за ова е намалениот тестостерон во организмот , но трибулусот е докажан како импресивен зголемувач на либидото и сексуалната желба.

Трибулусот поволно делува и врз имуниот и уринарен систем и има диуретски својства. Тоа се постигнува како резултат од релаксација на мазните мускули и зголемување на протокот на крв низ половите органи.

Влијае поволно врз липидниот метаболизам(во регулацијата на лошиот холестерол со ниска густина-LDD).

И она што е најважно за спортистите и бодибилдерите е што допринесува во регулирањето на крвниот притисок, затоа што интезивниот изометриски тренинг за сила предизвикува покачување на крвниот притисок.

AmixTM Tribulus with ZMA®    е одличен продукт во форма на таблета која ги комбинира патентираната и клинички докажана формула на ZMA®   и традиционалниот и стандардизиран Tribulus Terrestris со 90% стероидни сапонини.

Содржи во 2 таблети:

-Tribulus Terrestris (90% стероидни сапонини)      2000mg.

-ZMA                                                                                  400mg.

Препорачана доза: Земете 2 таблети пред спиење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu