Витарго-јаглехидрат со рекордна брзина

vitargo za tekst

 

Витарго е патентиран извор на комплексни јаглехидрати, добиени од специјален јачменов скроб.
Но што е тоа што го прави различен и поефективен од другите видови на јаглехидрати?

Клучот e во неговата
⇨осмоларност,
⇨молекуларна тежина и
⇨разгранување.

Осмоларноста едноставно се однесува на тоа колку вода е извлечена околу специфичен објект. Витарго има ниска осмоларност, што значи дека помалку вода ќе биде повлечена во вашиот стомак, со што нема да остави подуеност во стомакот по конзумирањето. Го поминува стомакот и оди во крвотокот двапати побрзо од конвенционалните јаглехидрати. Што побрзо го поминува стомакот и стига во крвта, толку побрзо мозе да биде надополнет гликогенот во мускулите и црниот дроб.

 

 

 

Ако вашиот стомак е подуен и полн, хранливите материи ќе останат во вашиот стомак и нема да можат да стигнат во крвоткот, а хранливите материи неможат да ви помогнат во надополнувањето на гликогенот и во подобрувањето на физичките перформанси доколку не се во крвта.
Покрај ниската осмоларност во брзата абсопција на витаргото помага и неговото разгранување. Витаргото има способност да помине многу побрзо преку стомакот во тенкото црево каде што се вари и абсорбира.

Со оваа рекордна брзина на пренесување на гликоза во крвта се зголемува и стапката на пораст на инсулуин, хормон без кој е невозможно да се префрлат хранливите материи како гликозата и аминокиселините во мускулите.

 

Amix Vitargo® претставува патентирана формула на јаглехидрати со уникатни својства, специјално формулирана за елитните атлети да обезбеди ефективно полнење на лесно достапна мускулна енергија (гликоген).

Препорачана употреба: Наполнете еден шејкер со 200мл вода и додадете две дозерки од VitarGo®! Load ( 75 г).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu