Фактори што влијаат на настанување на овие проблеми може да бидат: стрес, дехидратација, исхрана (поконкретно масти и растителни влакна), но најчеста причина е количеството на течности внесено пред, за време и по физичката активност.
Осмоларноста на напитокот, содржината на јаглехидратите и температурата на течноста се фактори кои требате да ги земете предвид доколку сакате соодветна хидратација за време на Вашата спортска активност.
Во едно истражување извршено со група спортисти, мажи и жени (Sadowska K et al, 2009), дигестивната толеранција на Isostar Hydrate & Perform е споредена со други конкурентни спортски напитоци.
Протокол
18 професионални спортисти, мажи и жени козумираат два вида на спортски напитоци според следниот протокол во два различни периоди:
– 500 ml од едниот од напитоците 60 минути пред и 500 ml веднаш по физичка активност (2х25 минути);
– 150 ml од еден од двата напитоци пред и по првите 25 минути од физичката активност.
На крајот од физичката активност, испитаниците пополнија прашалник поврзан со фреквенцијата и интензитетот на гастроинтестиналните проблеми.
Тестирани производи
Isostar Hydrate & Perform беше козумиран и спореден со сличен конкурентен производ. Составот на производите беше различен во поглед на содржината на јаглехидрати (различно потекло на јаглехидрати) како и содржината на витамини и минерали.
– Двата напитоци беа изотонични.
– Двата напитоци беа на температура 5-10°C.
– Двата напитоци ги конзумираа спортисти по случаен избор.
Резултати
Гастроинтестиналните проблеми беа значително повеќе забележни кај спортистите кои го земаа конкурентниот напиток (83%) споредено со Isostar Hydrate & Perform(22%) (p<0.001) и проблемите беа со поголем интензитет кај спортистите кои го земаа конкурентниот напиток (1.9 ± 0.9 поени за конкурентиот напиток наспроти 0.2 ± 0.4 поени за Isostar Hydrate & Perform).
Исражувачите ги објаснуваат ваквите ефекти во различноста на составот, поконкретно во потеклото на јаглехидратите и минералите (натриум и магнезиум) во двата напитоци и првенствено го препорачаа пиењето на Isostar Hydrate & Perform пред, за време и по физичка активност.
Isostar Hydrate & Perform брзо ќе ги надополни изгубените течности и електролити. Хидрирајте се уште пред да почувствувате жед, во интервали: пред, за време и по физичката активност.
Можете да набавите Isostar Hydrate & Perform од Скопје Сити Мол на 2-ри кат и Т.Ц. Бисер на 1-ви кат.