Ai-LIPOROL® 180 caps & 20 caps

390 ден3,160 ден

На залиха

Clear

Заедно со соодветна диета, тежински тренинг и кардиоваскуларна активност, кога пробувате да изгубите што е можно повеќе телесни масти, за психофизичка благосостојба или бодилбилдинг натпреварување, употребата на термогени суплементи е добро позната.

Важно е да се напомене дека термогениците не прават разлика доколку не се следи соодветна диета, но ако се продукти со вистинска ефективност во смисла на елементите и нивните дози, тие секако можат да овозможат одличен поттик на метаболизмот и да бидат поволни сојузници кои работат во синергија кон таа цел.

Во студиите на Yamamoto секогаш се бираат најдобрите сирови материјали на пазарот секој пат кога се лансира продукт. Уште еден пример е  Ai-LIPOROL®, моќниот термогеник од новата генерација. Револуционерноста која овој продукт ја носи на пазарот произлегува од вметнувањето на нови ефективни и активни елементи кои најдобро ја промовираат термогенезата и мобилизацијата на акумулираните масти без непотребните и штетни стимуланси. Примарната цел е согорување на мастите а не оштетување на надбубрежните жлезди кои може да доведат до нарушувања на метаболизмот. Што го прави толку ефикасен? Ефикасен го прави синергијата на елементите, и некои новости од научниот фронт.

Ai-LIPOROL® мултитаск сила од активни состојки кои го фаворизираат одстранувањето на акумулираните масти.

Guinea Pepper или “Рајски Зрна”, се семиња од растенија користени во Африка како здрав зачин со лута арома, од кои студиите се во тек со цел да го продлабочиме нашето знаење за неговите ефекти врз метаболизмот. Истражувањата (на луѓе) демонстрираат значително зголемување на термогенезата благодарение на нивната способност да го трансформираат белото масно ткиво во кафено масно ткиво (BAT). Белото масно ткиво е непријател на прекумерната тежина, или на било кој што сака да изгуби вишок на килограми, затоа што наместо да се складираат вишокот на липиди во адипоцитите го стимулираат нивното согорување преку “дисперзија на топлина”. Напросто, кафеното масно ткиво го согорува вишокот на масти за да произведе топлина, а “Рајските Зрна” се одличен активатор на термогениот систем.

Capsaicin, типичниот алкалоид познат по “лутината” кој се наоѓа во чилито, кој има добро документирани својства за зголемување на термогенезата, мобилизирање на масните киселини, дури и спречување на нивната акумулација. Слично на “Рајските Зрна”, капсаицинот го  овозможува активирањето на кафените масни ткива.

Капсаицинот и другите капсациноиди се потентни агонисти на TRV1 рецепторите и со тоа можат дополнително да ги активираат кафените масни ткива, овозможувајќи согорување на вишокот масти како топлина. Згора на тоа, овие молекули предизвикуваат активација на симпатичниот нервен систем кој преку ослободување на норадреналин , има стимулирачки ефект врз активноста на кафеното масно ткиво.

Зелено кафе, благодарение на ефектите на хлорогената киселина, интервенира во варењето на храната, ја редуцира количината на јаглехидрати асимилирани преку цревата, и го лимитира внесот на калории од секој оброк , го спречува ослободувањето на шекерот во крвта од црниот дроб, со што ја стабилизира глицемијата, го доведува телото да ги користи мастите како енергија, намалувајќи го феноменот на гликогенолиза на црниот дроб, преку инхибиција на ензимот гликоза-6-фосфатаза.

Глукоманнан се диететски влакна растворливи во вода извлечени од растението konjac. Истражувањата покажуваат дека неговата употреба допринесува за зголемување на чувството за ситост, го намалува шекерот во крвта и исто така го намалува холестеролот и телесната тежина. Кога Глукоманнанот ќе се помеша со вода тој станува обемен како гел и е способен да го зголеми својот волумен до 17 пати од својата оригинална големина.

Покрај тоа, Глукоманнанот помага во диетата за губење на вишок килограми со тоа што во стомакот и цревата ги апсорбира мастите, овозможувајќи побрзо да поминат низ телото.

Зелен чај: кој содржи неколку моќни антиоксиданси, вклучувајќи епигалокатехин галат или EGCG. Овој елемент во комбинација со кофеин кој исто така го содржи зелениот чај, има силна способност за стимулирање на метаболизмот и да го забрза топењето на масти преку термогенезата.

Покрај тоа, катехинските полифеноли кои се наоѓаат во зелениот чај, ги стимулираат мускулите и црниот дроб да користат повеќе масни киселини. Зелениот чај е богат со теофилин и теобромин, две состојки кои промовираат диуреза. Благодарение на катехинот, кој го инхибира транспортот на гликозата во масните ткива, зголемувањето на нивоата на шекер во крвта е умерено. Кога инсулинот е стабилен, чувството за глад е уште помало, со што се намалува потребата за јадење на брза и високо калорична храна. 

Теобромин (Какао), состојка која се наоѓа во црно чоколадо, е ксантин сличен на кофеинот кој го стимулира централниот нервен систем но не толку “агресивно”. Високо ергогена субстанца со пролонгирани ефекти кои помагаат при наглиот пад на енергија од кофеинот, но и не се доаѓа до толернација по извесна употреба како со кофеинот.

Горчлив портокал (Citrus aurantum): цитрон со добро познати својства на термогена активност, кој има посебен состав од екстракти (синеприн, Н-метилтирамин, хорденин, октопамин, тирамин), со способност да го стимулира метаболизмот, овозможува користење на мастите од црниот дроб и масните ткива да продуцираат топлина и трошење на енергија.

 

Additional information

Паковање

180 caps, 20 caps

See It Styled On Instagram

    Instagram did not return any images.

Shop By Department