C 500 (100 таблети)

844 ден

На залиха

Големи дози на витамин Ц

Употребата на Витамин Ц (аскорбинска кислеина) е корисна, а во одредени случаи и неопходна. Во случаи на настинки, грозница, употреба на некои лекови и контрацептивни средства, потребите од овој витамин се зголемуваат. Во широката палета на нашите производи, ќе сретнете пповеќе видови на витамин Ц, а одберете го оној кој најмногу и одговара на вашата возраст и здравствена состојба.

За кого се препорачува?
Витаминот Ц припаѓа во групата на витамини кои се растворливи во вода. Активира повеќе ензими, има важна улога во дишењето на клетките и овозможува заштита од стрес. Исот така ја подобрува апсорпцијата на железото, а заедно со фолната киселина и витаминот Б12 го стимулира создавањето и производството на црвените крвни зрнца. Неговиот антиоксидантен ефект ја потпомага отпорноста на организмот. Неопходен е за функционирањето на нервниот систем и учествува во формирањето на структурата на сврзните ткива и го одржува интегритетот на кожата, коските и рскавицата. Витаминот Ц само неколку часа по внесувањето го напушта организмот. За таа цел денес ни се достапни препарати со одложено дејство (time-release), како Ц-500, Ц-1000 кои овозможуваат континуирана апсорпција.

Состав: 500мг Витамин Ц

Дозирање: 1 таблета на ден или по препорака на лекар

Main Menu

C 500 (100 таблети)