Flex Joint 360gr.

1,590 ден

Нема на залиха

  • Комплекс збогатен со колаген за здравјето на коските и зглобовите
  • Забрзува закрепнување по повреда
  • Ублажува болка и воспаление
  • Висока содржина на витамин Ц

Flex Joint е есенцијален производ за сите кои сакаат да го поддржат здравјето на зглобовите, коските и ‘рскавицата. Единствена формула која комбинира глукозамин, хондроитин и МСМ, кои играат клучна улога во градењето на ‘рскавицата. Формулацијата на производот се заснова на чисти колаген пептиди главна компонента на сврзните ткива кои сочинуваат неколку делови од телото вклучувајќи тетиви, лигаменти, кожа и мускулатура. Витаминот Ц е силен антиоксиданс, што олеснува организмот да ги апсорбира активните состојки.

Придобивки:

1. Flex Joint го поддржува здравјето на коските и зглобовите.
Глукозамин и хондроитин учествуваат во синтезата на синовијалната (зглобна) течност потребна за исхрана и подмачкување на зглобовите. Заедно со витаминот Ц ја одржуваат рамнотежата на водата во ‘рскавицата, што го спречува нејзиното влошување. Колагенот е суштинска компонента на сврзното ткиво кое ја промовира еластичноста и флексибилноста на лигаментите, ја зајакнува цврстината на коските и значително го намалува ризикот од пукнатини и фрактури.

2. Flex Joint ја ублажува болката и воспалението.
Flex Joint содржи ефикасна количина на органски МСМ сулфур кој има антисептично и аналгетско дејство. МСМ се бори против воспалението на зглобовите и лигаментите, го намалува отокот и помага во справувањето со вкочанетоста и болката при движење.

3. Flex Joint го забрзува закрепнувањето по повредата.
Ефикасната комбинација на моќните компоненти на Flex Joint ја подобрува циркулацијата на крвта во сврзното ткиво и ја забрзува неговата регенерација, што го забрзува закрепнувањето на зглобовите и лигаментите по повреди, модринки и исчашувања. Активните состојки на додатокот исто така ја стимулираат регенерацијата на ‘рскавицата и коскеното ткиво, што помага пукнатините и фрактурите побрзо да зараснат. Затоа Flex Joint би обезбедил непроценлива поддршка на мускулно-скелетниот систем во текот на процесот на закрепнување.

Начин на употреба:  Измешајте 1 дозер (6 g) со 250 ml вода, земете еднаш дневно.

За вкус: Зелена јаболка 

Нутритивни факти во сервирање(6 g):

Енергетска вредност 43kJ (10 kcal);

Масти 0g;

– од кои заситени масни киселини 0 g ;

Јаглехидрати 0,1 g;

– од кои шеќер 0,005 g;

Влакна 0,005 g ;

Протеини 2.7 g ;

Сол  0,05 g;

Хидролизиран колаген (Peptan® B 2000 LD) 2690 mg;

Метил сулфонил метан (MSM) 1000 mg ;

Глукозамин сулфат 750 mg ;

Хондроитин сулфат 600 mg;

Витамин Ц (аскорбинска киселина) 500 mg.

Состав: хидролизиран колаген пептид (говедски), метилсулфонилметан, глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, витамин Ц (аскорбинска киселина), регулатори на киселост (лимонска киселина, јаболкова киселина), вештачки и природни вкусови, засладувач (сукралоза) и боja.

За вкус: Портокал 

Нутритивни факти во сервирање(6 g):

Енергетска вредност 42 kJ (10 kcal) ;

Масти 0 g ,

– од кои заситени масни киселини 0 g ;

Јаглехидрати 0,35 g;

– од кои шеќер 0,065 g;

Влакна 0,025 g ;

Протеини 2.3 g ;

Сол 0,05 g ;

Хидролизиран колаген (Peptan® B 2000 LD) 2315 mg ;

Метил сулфонил метан (MSM) 1000 mg ;

Глукозамин сулфат 750mg;

Хондроитин сулфат 600 mg;

Витамин Ц (аскорбинска киселина) 500 mg .

Состав: хидролизиран колаген пептид (говедски), метилсулфонилметан, глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, витамин Ц (аскорбинска киселина), регулатори на киселост (лимонска киселина, јаболкова киселина), вештачки и природни вкусови, засладувач (сукралоза) и боja.

Дополнителни информации

Вкус

Јаболко, Портокал

Main Menu

1,590 ден