Во денешно време и со ова брзо темпо на живот, човечкиот организам е секојдневно изложен на разни предизвици. Ако чувствувате дека немате енергија, во глобалната мрежа на CaliVita International конечно стигна долго очекуваниот MagneZi B6, кој ќе Ви ја обезбеди неопходната помош во текот на секојдневните оптеретувања!
За кого се препорачува?
Магнезиумот во организмот учествува во многубројни биохемиски процеси. Врши активирање на повеќе ензими, а посебно на оние кои учествуваат во процесите на производство на енергија. Сепак, најчесто може да се најде во вид на минерал кој учествува во заштита на нервниот систем, а неопходен е за нормално функционирање на мускулното ткиво. Како прв недостаток од него е главно појавувањето на грчеви, слабост и пореметување во функционирањето на мускулите. Правилното снабдување на магнезиумот исто така придонесува во одржувањето на здравото ниво на крвен притисок.
Витаминот Б6 најчесто е во комбинација со магнезиумот во додатоците на исхрана, бидејќи преку синергистичкото дејство помага во ефикасна абсорбција. Игра многу важна улога во одредени процеси на разградување и апсорбција на белковини, јаглени хидрати и масти, во правилно функционирање на имуниот систем и во процесите на делба на клетките, а воедно допринесува и во балансирањето на функцијата на нервниот систем.
Цинкот е важен активатор на ензимите, учествува во процесите на функција на имунот систем, а преку своите антиоксидативни својства придонесува за спречување на штетните оксидативни процеси. Бидејќи во организмот не се складира во голема мера, потребно е постојано да се внесува.
MagneZi B6 се препорачува на сите оние кои се изложени на зголемени физички активности (спортисти, лицата кои извршуваат тешки физички работи) или психички (стресно опкружување, испитни рокови) оптеретувања, како и на сите оние кои имаат потреба од дополнителна енергија за време на тешките денови.
Состав
100мг Магнезиум
5мг Цинк
5мг Витамин Б6 (пиридоксин)
Дозирање: 1 таблета дневно или по препорака на лекар