Pro Selenium (60 таблети)

649 ден

На залиха

Селен

Општо е познато дека селенот е олигоелемент со силен антиоксидантен ефект, кој му помага на нашиот организам во одбраната од штетното дејство на слободните радикали. Помалку се знае дека селенот игра важна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем и во нормалното производство на хормоните на штитната жлезда кои содржат јод.

За кого се препорачува?
Селенот го внесуваме во организмот ако се храниме со месо, морски плодови и житарици. Количеството на селен во житариците зависи и варира од неговото ниво на присутност во земјата, односно од регион до регион. Лицата кои се хранат со неразноврсна храна (на пр. вегетаријанците), обично не внесуваат доволно селен по природен пат во организмот, па затоа на нив им се препорачува тој недостаток на селен да го дополнат со земање на додатоци на исхраната. Важно е да се напомене дека селенот може да допринесе во засилување на дејството на другите антиоксиданти како витаминот А,Ц и Е, и во комбинација еден со друг даваат посилен, подобар ефект.

Апсорпцијата на селен и неговата искористливост е подобра кога тој се зема во хелатен облик. Препаратот Pro Selenium содржи селен во хелатен облик.

Состав  50мцг Селен

Дозирање: 2-4 таблети дневно или по препорака на лекар

Main Menu

Pro Selenium (60 таблети)