Stress Management B-Complex (100 таблети) - NoLimit.mk

Stress Management B-Complex (100 таблети)

913 ден

На залиха

Б витамински комплекс

Препарат кој содржи витамини од групата Б и витамин Ц. Под влијаније на стресот потребите на организмот за витамини се зголемуваат и многу полесно може да се појават повеќе заболувања како резултат на недостатокот од споменатите витамини. Составот на препаратот е оптимален за лица кои се секојдневно подложни на стресни влијанија.

За кого се препорачува?
Тиамин (витамин Б1): има незаменлива улога во нормалното функционирање на метаболизмот на јаглеродните хидрати, како и за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем.

Рибофлавин (витамин Б2): игра важна улога во вградувањето на железото во хемоглобинот, во синтеза на протеините и разградување на мастите и јаглените хидрати.

Ниацинамид (витамин Б3): неопходен е за нормално функционирање на органите за варење, нервниот систем и кожата, а и за синтезата на хормоните.

Фолна киселина (витамин Б4): Учествува во продукцијата на црвените крвни зрнца и допринесува во подобрување на апсорбцијата на железото. Докажано е дека недостатокот од фолна киселина во раната бременост може да предизвика појава на вродени аномалии на плодот.

Пантонтенска киселина (витамин Б5): учествува во процесот на создавање на енергија од јаглените хидрати и масти. Неопходна е за нормалното функционирање на надбубрежната жлезда.

Пиридоксин (витамин Б6): учествува во метаболизмот на аминокиселините, есенцијалните масни киселини и железото.

Биотин (витамин Б7): се наоѓа во составот на бројните ензими кои учествуваат во метаболизмот на протеините, јаглените хидрати и масти.

Холин (витамин Б8): го подобрува искористувањето на масните киселини во организмот, делува заштитно на црниот дроб и може да го спречи наталожувањето на мастите и холестерол на ѕидовите на крвните садови.

Инозитол (витамин Б9): неопходен е за растење на косата и превенција на артериосклерозата, како и за пренесување на нервните импулси.

Пара-амино-бензоенска киселина ПАБА (витамин Б10): овозможува зголемување на продукцијата на фолната киселина и апсорпција на пантонтенската киселина.

Циано-кобаламин (витамин Б12): го стимулира растот и го подобрува апетитот.

Состав
1.3мг         Витамин Б1
1.8мг         Витамин Б2
15мг          Ниацинамид
5мг            Пантонтенска киселина
2мг            Витамин Б6 (пиридоксин)
100мцг     Фолна киселина
100мг        Холин
100мг       Инозитол
2мцг         Витамин Б12
60мг         Витамин Ц
13.5мг      Магнезиум

Дозирање: 1-3 таблети на ден или по препорака на лекар

Main Menu

Stress Management B-Complex (100 таблети)