Strong Bones – 100 капсули

1,110 ден

На залиха

Калциум и магнезиум

Би сакале да ја одбегнете остеопорозата?

Во тој случај, би требало да почнете со земање калциум и магнезиум уште пред 30-тата година, превентивно. Имено, не случајно оваа болест ја нарекуваат “тивка болест “, бидејќи напаѓа неосетно и полека, а симптомите се забележуваат кога веќе проблемот е тука – коските се истенчуваат и лесно се кршат. Доколку на нашиот организам редовно и во оптимални количини му обезбедуваме калциум и магнезиум, можеме да го избегнеме настанувањето на остеопороза и ефикасно да го зачуваме здравјето на коските.

За кого се препорачува?
Калциум

Тоа е минерална материја, неопходна за зачувување на здрави коски и зајакнување на забите. Неговиот недостиг може да предизвика: рахитис, остеопороза, остеомалација и кариес. Со вообичаената исхрана, не внесуваме доволно количество калциум и затоа речиси сите сме советувани да го надоместуваме. Потребите од калциум кај жената се нешто поголеми, особено во периодот по породувањето и во менопаузата, заради што им е неопходна поголема суплементација.

Магнезиум

Потребен е за ефикасно работење на нервниот систем, мускулите и бројните ензими. Учествува во управување со повеќе од 300 витално значајни ензими, со што игра важна улога во метаболизмот на шеќерите, мастите, нуклеинските киселини и белковини, како и во процесите на производство и искористување на енергијата. Магнезиумот ја намалува можноста за формирање на бубрежни и жолчни камења на база на калциум, а е неопходен и за вградување на калциумот во телото.

Особено е важно калциумот и магнезиумот да се внесуваат во идеален сооднос 2 : 1.

Состав
300мг    Калциум
150мг     Магнезиум

Дозирање: 4-6 таблети дневно со оброк или по препорака на лекар

Main Menu

Strong Bones - 100 капсули