За нас

Употребата на додатоци во исхраната е важен дел од модерниот животен стил и навистина има разлика кои производи, со какво потекло на состојките ќе ги изберете.

Спортик ВИ дооел – No Limit Supplements веќе речиси една деценија е тука да обезбеди висококвалитетни додатоци во исхраната за сите спортисти, аматери и оние кои се грижат за своето здравје и квалитетниот животен стил. Од нашето основање, во 2008 година, започнавме како главен дистрибутер на додатоци во исхрана за спортисти во California Fitness, со текот на времето остваривме соработка со многу успешни спортски клубови, дистрибуција до повеќе продавници за здрава исхрана и фитнес центри ширум Р Македонија, а од поново време започнавме да работиме и со малопродажба во нашето продажно место во Skopje City Mall на II-кат.

Сите производи кај нас се со проверено потекло, и дозволени состојки, одобрени од Агенцијата за Храна и Ветеринарство на Р Македонија, со антидопинг гаранција и врвен квалитет. Во нашата широка палета се застапени брендовите: Amix Nutrition и Isostar – компании со кои имаме склучено договор за генерално застапништво и директен увоз на територијата на Р Македонија, потоа, Trec Nutrition, Olimp Sport Nutrition, 4D Nutrition и други брендови, претежно со европско потекло, во согласност со регулативите за увоз и продажба на додатоци во исххраната и храна за посебна нутритивна употреба.

Повелете, посетете не и уверете се во долгогодишниот докажан квалитет!

Продажен салон - Skopje City Mall

Продажен салон - Т.Ц. Бисер - Аеродром

Продажен салон - Palma Mall - Тетово

Застапник за

[sw_brand numberposts=”5″ item_row=”1″ columns=”1″ columns1=”1″ columns2=”1″ columns3=”1″ columns4=”1″ speed=”1000″ interval=”5000″ scroll=”1″]

Main Menu