Меѓузбир: 690 ден
Vitargo® Load |1000gr
Roll over image to zoom in
1,400 ден
Vitargo е патентирана мешавина на јаглехидрати со уникатни особини, специјално формулирана за атлети за ефективно полнење на лесно достапна мускулна енергија (гликоген) во телото. Vitargo има значително голема количина на јаглехидрати, за разлика од другите спортски напитоци со јаглехидрати, поради молекуларната структура од гликоген.
Vitargo Load:
Vitargo е патентирана мешавина на јаглехидрати со уникатни особини, специјално формулирана за атлети за ефективно полнење на лесно достапна мускулна енергија (гликоген) во телото. Vitargo има значително голема количина на јаглехидрати, за разлика од другите спортски напитоци со јаглехидрати, поради молекуларната структура од гликоген. Колку јаглехидратите се поголеми, толку побрзо напитокот поминува во стомакот и енергијата се апсорбира во крвотокот. Овој процес се нарекува осмоларност. Што е помала осмоларноста толку побрзо се процесира во стомакот. Vitargo е клинички тестиран во Каролинска Институт, Стокхолм и е споредуван со другите “обични” спортски напитоци кои содржат јаглехидрати. Резултатите покажуваат дека Vitargo побрзо го надополнува гликогенот и побрзо се процесира во стомакот, споредбено со нормалните комбинации на комплекс на глукозни полимери.
– содржина на јаглехидрати – 100% Vitargo – подобро од малтодекстрин и декстроза
– брзо надополнување на гликоген – брзо празнење на стомакот = брза енергија
1 порција (75 г.) = 2 мерици. Се меша со вода (6-8 дл)
За “carbload”: 1 порција во 6 дл. вода.
Пролонгирана физичка активност: Започнете со “carbload” 3 дена пред натпревар. Земете 2 порции од Vitargo, меѓу оброци, во текот на денот. Придржувајте се кон нормален начин на исхрана. Не се препорачува прејадување.
Тимски спортови: Земете 1 порција Vitargo еден ден пред натпреватор. 1 порција е проближно еднаква со 3 порции подготвени тестенини!
За време на физичка активност, како спортски напиток: 1 порција се меша со 8-10 дл. вода.
Пролонгирана физичка активност: 1 порција се меша со 8 дл. вода и се пие во рок од еден час, за време на физичката активност.
Тимски спортови: Испијте 1 порција измешана со 10 дл. вода за време на натпреварот.
Тврдењата на налепницата не се евалуирани од страна на ФДА. Овој производ не е наменет за дијагностика, третман, лечење или превенција на болести.
Нутритивни Факти
Дозирање: 75 г. (2 мерици) Вкупно дози во пакувањето: 26
Просечни вредности во 75 г. Во 100 г.
Енергетска вредност 1168 кЈ / 275 кцал 1557 кЈ / 336 кцал
Вкупно масти < 0,4 г. < 0,5 г.
Заситени масти 0 г. 0 г.
Вкупно јаглехидрати 67,5 г. 90 г.
Шеќери < 0,4 г. < 0,5 г.
Скроб 67,1 г. 89,5 г.
Протеин (сува основа) < 0,4 г. < 0,5 г.
Сол* < 0,1 г. < 0,1 г.
Состојки: Јачменов скроб со ултра-висока молекуларна вредност (500000-700000) на амилопектин (Vitargo®), лимонска киселина, арома, боја (вкус портокал): екстракт од цвекло и куркумин, засладувачи: сукралоза Splenda и ацесулфам К
Начин на употреба: Наполнете го шејкерот со 200 мл вода и додајте 2 мерици од VitarGo! Load (75 г.). Мешајте 1-2 минути. Дополнително додајте соодветно количество на вода и промешајте уште еднаш.
Осмоларна табела mOsm/kg Јаглехидрати Просечна молекуларна тежина
Водаz 5-15 Скроб >1000000
Vitargo* 11 Vitargo 500000-700000
Малтодекстрин DE 18* 48 Малтодекстрин 1000-10000
Декстроза 620 Декстроза 180
z-зависно од содржината на минерали
*-10% солуција
Употребливо до: означено на пакувањето. Чувајте на температура до 25оС на ладно и суво место, подалеку од сончева светлина. Внимание: Не го користете производот доколку сте бремени или доите. Производот не е наменет за деца. Чувајте подалеку од дофат на деца. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза! Производот не служи како замена за разновидна балансирана исхрана. Производителот не е одговорен за штети кои настануваат со несоодветно чување или употреба на птоизводот. Внимание за алергии: Производот е процесиран на апарати со кои што се преработуваат производи кои содржат: млеко, јајца, соја и школки.