Mark LeBruyne, фитнес инструктор со повеќе од 14 години работно искуство, неколку години извршувал истражување за суплиментите кои тој ги користел и им ги препорачувал на оние кои ги тренирал.
После неколку години заклучил дека секој суплимент дава различни резултати кај оние што го употребуваат, секако, од проста причина што организмот не е мотор од автомобил. Но и покрај многуте разлики, тој составил упатство за користење на најчесто употребуваните суплименти (креатин, протеин и глутамин).
Оваа статија ќе ви покаже кога и како да ги консумирате вашите додатоци и како да го извлечете најдоброто од нив. Креатинот, глутаминот и протеинот се топ 3 додатоци во бодибилдингот кои најчесто се користат. Но, кое е најдоброто време за да се консумираат овие додатоци?
Креатин

Оваа техника помага во градењето на мускулите додека тренирате и спречува пад на силата на вашите мускули за време на вежбањето.
Исто така, креатинот може да го пиете еднаш или два пати во текот на денот. Препорачливо е да се пие околу 20-25 грама протеини во фазата полнење (првите 5 дена) и 5-10 грама во наредните 40 дена. После 45 дена се препорачува пауза (околу 1 месец) од консумирање на креатин.
Глутамин

Исто така, одлично време за земање глутамин е веднаш откако ќе се разбудите, кога вашите мускули се доволно одморени 6-8 саати.
Третата доза можете да ја земате половина час откако ќе завршите со вежбање. Ова помага во процесот на закрепнување на мускулите од напорното вежбање.
Така што, креатинот пред и после вежбањето, а глутаминот еднаш пред легнување и уште една доза откако ќе се разбудите или половина час после тренинг (вие одлучете која доза подобро делува на вашиот организам).
Протеини

(листата е направена според најдобриот тајминг, но според можностите и условите, вие одлучете кога можете да консумирате протеин)
1. Веднаш после тренинг – Вашите мускули ќе бидат како сунѓер и поради тоа им е потребна храна за да се опорават.
2. Пред спиење – Ќе треба да отспиете 8 часа, што е долг период без да внесете протеин.
3. Откако ќе се разбудите – Истото, 8 часа сте биле без соодветна храна. На вашето тело му е потребен протеин.
4. Половина час пред да започнете со тренинг – Во овој случај протеините ќе помогнат во тренингот а мускулите ќе добијат соодветна исхрана, која ќе влијае врз вашите перформанси како подигнување на тежина.