(Nitric Oxide) адиција во потрагата за подобра напумпаност

nitric_oxide

Азотен оксид (Nitric Oxide) е природен гас кој се произедува во телото преку специфични ензими наречени азотно оксидни синтази, кои ја разградуваат аминокиселината аргинин. Азотниот оксид е важна сигнализирачка молекула во васкуларниот систем, со што доаѓа до дилатација на крвните садови и зголемен проток на крв и хранливи материи во мускулите.

Азотниот оксид е одличен суплемент кој може да помогне да остварите повеќе од вашиот тренинг и да ги зголеми резултатите.
Ајде да ги погледнеме придобивките од суплементацијата со азотен оксид.

 Зголемена стапка на опоравување

Ако чувстувате замор и имате воспаленија наредниот ден по тренингот и ви се потебни неколку денови за опоравување, суплементацијата со азотен оксид може да помогне. Клучен фактор за побрз оправок од овие тренинзи е што повеќе хранливи материи да стигнат во мускулите, со зголемниот проток на крв и зголемената транспортација на кислород во таргетираните мускули овој суплемент може да направи голема разлика.

✔ Намалени нивоа на замор

При кревањето на тегови телото брзо губи кислород, при што се формира млечна киселина која не спречува да го направиме посакуваниот број на повторувања. Со зголемената транспортација на кислород во мускулите од овој суплемент ќе се намали количината на млечна киселина и сензацијата на горење во мускулите.

 

✔ Зголемена употреба на гликоза

Суплементацијата со Л-аргинин овозможува побрзо искористување на гликозата од мускулите и дополнително зголемување на концентрацијата на слободни масни киселини како и глицерол во организмот, со што потенцијално се зголемува согорувањето на мастите.

✔ Зголемена напумпаност на мускулите

И секако последен бенефит  по кој е најпознат и најупотребуван од бодибилдерите е зголемената напумпаност на мускулите по тренингот. Со користење на азотен оксид како суплемент се зголемува чувството на напнати и полни мускули по тренингот кое што секој го посакува. Со азотниот оксид напумпаноста на мускулите е поизразена и трае многу подолго.

Amix Nitric Oxide содржи Аргинин Алфа-Кетоглутарат кој е напредна форма од амино киселината Л-аргинин.

Препорачана употреба: Земете 2 капсули приближно два часа пред појадок и 2 капсули 30-60 минути пред тренинг.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu