ВАЖНОСТА ОД ТИПОТ НА КОЛАГЕН И КОЛАГЕН ПЕПТИДИТЕ ЗА СПОРТИСТИТЕ

collagen purenutritionusa

Типовите на колаген содржат различни протеини кои имаат различни улоги во телото. Типовите 1 и 3 може да се земат заедно и придонесуваат за здравјето на кожата, мускулите, коските, косата.

Типовите 1 и 3 колаген содржат 19 аминокиселини (протеини), секоја од нив есенцијална за фунцијата на кожата, мускулите, коските и сврзните ткива. Овие типови на колаген се произведени од фибробласти (типови на биолошки клетки во сврзните ткива кои го синтетизираат колагенот) и остеобласти (клетки кои ги сочинуваат коските).

Преку 90% од колагенот во телото е составен од тип 1 и тип 3. Овие типови ги содржат протеините глицин, пролин, аланин и хидроксипролин.

Глицин – аминокиселина која во најголем дел се наоѓа во колагенот, има поголема потреба од серин од колку што нашите тела можат да прозведат природно. Студиите препорачуваат суплементација со глицин за постигнување на идеални метаболички процеси. 1

➠ Пролин – не-есенцијална аминокиселина која се синтетизира од глицинот, важна за функцијата на зглобовите и тетивите. 2

➠ Хидроксипролин – аминокиселина која има клучна улога во стабилноста на колагенот. 3

➠ Аланин – аминокиселина потребна за биосинтеза на протеините. 4

Тип 2 колагенот се произведува во хондроцитите (клетки во ‘рскавицата) – полнење налик на течност во ‘рскавицата. Иако е важен за сврзните ткива во зглобовите, типовите тип 1 и тип 3 колаген пептиди имаат поголема биолошка вредност и подобра абсорпција. Исто така, додека тип 1 и тип 3 колагенот можат да се земат заедно, тип 2 колагенот треба да се земе во различно време поради адекватна абсорпција.

Тип 1 и тип 3 колагенот покрај бенефитот кој го има во подобрување на мобилноста и еластичноста на зглобовите, исто така што е од голема важност за спортистите ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува коските и ја зголемува продукцијата на Глицин која помага во градењето на чистата мускулна маса и согорувањето на мастите додека спиеме.

Наша препорака за најквалитетен колаген кој содржи биоактивни колаген пептиди и тип 1 и тип 3 колаген, е течниот колаген на PureNutrition Usa

Референции:

  1. Glycine http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20093739

2. L-proline https://pubchem.ncbi.nlm.nih.gov/compound/L-proline

3. Hydroxyproline http://emedicine.medscape.com/article/2087938-overview

4. L-alanine https://pubchem.ncbi.nlm.nih.gov/compound/L-alanine

Mark’s Daily Apple (Mark Sisson) – 10 Reasons to Eat More Collagen

2 Comments

  1. Зошто телефоните кои ги имате оставено не ви функционираат, всушност кажува не постои ни едниот ни другиот. Оставете валиден број за информации околу самиот производ. Благодарам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu