ПОБРЗО ДО РЕЗУЛТАТИ-DYMATIZE

creatine

Креатинот не само што делува брзо, туку е и еден од научно најистражувани и валидирани супстанции за зголемување на физичките перформанси.

ШТО Е КРЕАТИН?

Креатинот е природно оформувачки во човековото тело кој приближно 95% може да се најде во скелетните мускули. Покрај другите процеси, креатинот е инволвиран во снабдување со енергија за извршување на мускулна активност. Мала количина на креатин секојдневно се деградира во креатинин, кој е еден од метаболитите кои се исфрлаат преку урината. За да се компензира губитокот на креатин тој се синтетизира главно во црниот дроб и бубрезите, од аминокиселините Глицин, Аргинин и Метионин. Покрај ендогените синтези, оваа субстанца може да се внесе преку храна како: месо и риба, и во мала количина во млечни производи. Но, при готвењето поголемиот дел од креатин се уништува со што останува само креатинин.

КАКО ДЕЛУВА СУПЛЕМЕНТАЦИЈАТА СО КРЕАТИН?

Креатинот монохидрат е најефективен додаток во исхраната за подобрување на перформансите при високо интензивни тренинзи, како и за зголемување на чиста мускулна маса. Со високи нивоа на креатин во мускулите може да се тренира со поголем интензитет, со пократкипериоди за опоравување.

КОЈА ФОРМА НА КРЕАТИН Е НАЈЕФЕКТИВНА?

Има неколку различни форми на креатин достапни како додаток во исхраната, но креатинот монохидрат е најопширно истражувана форма. Сеуште не постои ниедна научна студија која се базира на докази, дека постои било каква друга форма која е поефикасна од креатинот монохидрат.

ДАЛИ Е ПОТРЕБНА ФАЗА НА ПОЛНЕЊЕ?

За целосно да се заситат мускулите со креатин потребна е доза од 3 грама креатин дневно во период од 4 недели, исто ефикасно како и со фаза на полнење во која се конзумира 20гр креатин (4 пати по 5 грама дневно) во период од 6 дена. Која стратегија на дозирање ќе се избере зависи од тоа колку брзо има потреба да се заситат мускулите со креатин. Но, некои луѓе може да се здобијат со стомачни тегоби, поради конзумација на повеќекратните дози. Важно е тоа дека и конзумација од само 3 грама во период од 4 недели, ќе го има посакуваниот ефект исто како и полнењето со 20гр дневно во период од 6 дена.

ДАЛИ СУПЛЕМЕНТАЦИЈАТА СО КРЕАТИН Е БЕЗОПАСНА?

Строгата Европска Агенција за Безбедност на Храната го класира секојдневното конзумирање на 3 грама креатин со висока чистина, од страна на здрави и возрасни, како безбедно и без никаков ризик.Креатинот монохидрат може да придонесе до зголемување на телесната тежина и мускулна маса.

Во Dymatize не се прават компромиси за квалитетот па затоа секористи само Creapure® – креатин монохидрат со премиум квалитет.

  • 100% премиум квалитет Creapure®креатин монохидрат произведен во Германија
  • Креатинот ги зголемува физичките перформанси во последователни краткотрајни интервали, и вежби со високинтензитет
  • Извонредна растворливост
  • Безвкус
  • Погоден за вегани, безглутен и безлактоза
  • Безбанирани супстанции тестирано од “Informed-Sport” for athletes’ гаранција з апродукт со највисок квалитет

Дневна суплементација од 3 гр креатин во период од минимум 4 недели покажува зголемен тотален креатин во мускулите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu