ЗОШТО ISOSTAR HYDRATE & PERFORM?

20353881_1994500277439354_203656293_o

Спортистите често се соочуваат со дигестивни проблеми кои влијаат на нивните перформанси. Овие проблеми може да се манифестираат како рефлукс, гадење, грчеви во желудникот, надуеност или диареа.

Фактори што влијаат на настанување на овие проблеми може да бидат: стрес, дехидратација, исхрана (поконкретно масти и растителни влакна), но најчеста причина е количеството на течности внесено пред, за време и по физичката активност.

Осмоларноста на напитокот, содржината на јаглехидратите и температурата на течноста се фактори кои требате да ги земете предвид доколку сакате соодветна хидратација за време на Вашата спортска активност.

Во едно истражување извршено со група спортисти, мажи и жени (Sadowska K et al, 2009), дигестивната толеранција на Isostar Hydrate & Perform е споредена со други конкурентни спортски напитоци.

Протокол

18 професионални спортисти, мажи и жени козумираат два вида на спортски напитоци според следниот протокол во два различни периоди:

– 500 ml од едниот од напитоците 60 минути пред и 500 ml веднаш по физичка активност (2х25 минути);

– 150 ml од еден од двата напитоци пред и по првите 25 минути од физичката активност.

На крајот од физичката активност, испитаниците пополнија прашалник поврзан со фреквенцијата и интензитетот на гастроинтестиналните проблеми.

Тестирани производи

Isostar Hydrate & Perform беше козумиран и спореден со сличен конкурентен производ. Составот на производите беше различен во поглед на содржината на јаглехидрати (различно потекло на јаглехидрати) како и содржината на витамини и минерали.

– Двата напитоци беа изотонични.

– Двата напитоци беа на температура 5-10°C.

– Двата напитоци ги конзумираа спортисти по случаен избор.

 

Резултати

Гастроинтестиналните проблеми беа значително повеќе забележни кај спортистите кои го земаа конкурентниот напиток (83%) споредено со Isostar Hydrate & Perform(22%) (p<0.001) и проблемите беа со поголем интензитет кај спортистите кои го земаа конкурентниот напиток (1.9 ± 0.9 поени за конкурентиот напиток наспроти 0.2 ± 0.4 поени за Isostar Hydrate & Perform).

Исражувачите ги објаснуваат ваквите ефекти во различноста на составот, поконкретно во потеклото на јаглехидратите и минералите (натриум и магнезиум) во двата напитоци и првенствено го препорачаа пиењето на Isostar Hydrate & Perform пред, за време и по физичка активност.

Isostar Hydrate & Perform брзо ќе ги надополни изгубените течности и електролити. Хидрирајте се уште пред да почувствувате жед, во интервали: пред, за време и по физичката активност.

Можете да набавите Isostar Hydrate & Perform од Скопје Сити Мол на 2-ри кат и Т.Ц. Бисер на 1-ви кат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu