Најчести грешки во исхраната на боди-билдерот ВТОР ДЕЛ Подолу ќе бидат наведени вообичаени грешки што бодибилдерите ги прават за да ја постигнат својата цел: ГОЛЕМИ И СИЛНИ МУСКУЛИ!!!

1525559_1389362007982204_1512901872_n

Недоволно протеини

Факт е дека најважната компонента за мускулите за закрепнување и негов раст е протеинот. Неопходно да се внесат доволно чисти (безмасни) протеини. Мастите и протеините воглавно егзистираат во храната. Месото, рибата, млечните производи – може да содржат поголем процент на масти, иако содржат добри количини на протеини. Во минатото не се водело грижа за овој факт, така што имале сериозни проблеми со холестеролот. Проблемот не бил од протеинот туку од маста врзана за него. Денес извори на чисти протеини се обезмастено млеко, белките од јајце, посно риба, говедско месо и се разбира протеински напитоци. Овие се сите чисто извор на високо квалитетни протеини, без или со многу малку маснотии. Кога ќе се започне со тренинг во теретана пожелно е дневно внесување на протеини од околу 1,7 g на kg телесна тежина и таа доза постепено да се зголемува. Вкупниот внес на протеини потребно е да се подели 4-8 порции, така што телото да биде задржано во анаболичка фаза.

Не готвам за себе

Готвење, е неопходна вештина. Ако целта е навистина да се биде успешен во боди билдингот треба да знаете ја подготвите храната. Вие најдобро знаете што највеќе ви одговара на вашиот организам и која храна треба да ја приготвите и по можност да ја поделите во 6 квалитетни порции. Не е најсигурно решение да се потпирате на ресторани, и брза храна. Познавање на готвење на различни типови на јадења е исто така голема помош, бидејќи во спротивно готвењето и исхраната може да се сведе на “затворска” (еднолична) исхрана. Со цел исхраната да биде поразновидна неопходно е да се пратат новитетите, да се експериментира, да се разменуваат искуства бидејќи за приготвување на туна, белка, бело месо, т. е. за чиста храна треба навистина да се има многу фантазија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu