Најчести грешки во исхраната на боди-билдерот ТРЕТ ДЕЛ Подолу ќе бидат наведени вообичаени грешки што бодибилдерите ги прават за да ја постигнат својата цел: ГОЛЕМИ И СИЛНИ МУСКУЛИ!!!

hardgainer24

Не водам дневник на исхраната

“Мускулната” елита водaт дневник за она што тие го јаделе и кога го јаделе. На овој начин може да се следат напредокот и промените при исхраната. Со воспоставување на долгорочни планови и водење дневна евиденција на храна и додатоци кои се консумира и со евидентирање на датумот, времето, видот на храна, јаглени хидрати, масти, шеќери, содржина на натриум, протеини и калории се забележува влијанието на храната и на целокупната состојба на спортистот. Следејќи ги резултатите, забележувајќи ги трендовите, наоѓање на она што дава резултати а што не со водење на дневен извештај за исхраната се пратат ефектите и влијанието од тоа што јадете врз развојот и напредокот. На овој начин можат се преземат конкретни мерки и измени во трењирањето и исхраната, засновано врз факти и објективна анализа. Целата активност на пишување во дневник бара само две минути од секој ден, на овој начин се доаѓа до вредни податоци кои ќе се користат во наредните години.

Премногу масти и шеќер

Ѓаволски близнаци во исхраната. Маста е суперкалорична и во споредба со сите други хранливи материи, содржи девет калории во еден грам. Таа е тешко да се свари и телото претпочита да ја акумулира. И покрај овој факт мастите се од суштинско значење во нашата исхрана, но количините што ќе се потребни на нашите тела да функционираат нормално може да се обезбеди од исхрана што има низок процент на масти. Секој вишок на шеќер, јаглехидрати ќе бидат претворени во телото во масти и таложени како масни наслаги. Кога купуваме различни производи кои се рекламираат како оние што содржат малку масти треба да бидеме внимателни, бидејќи тие знаат да содржат големи количини на шеќер и дури тогаш тие не изгледаат толку корисни и нискокалорична. Доколку се внесат и овие јаглени хидрати тие ќе се претворат во масти и ќе придонесат за зголемување на телесната тежина. Дневна доза на масти треба да биде околу 15% од вкупниот внес на храна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu