Flaxseed – Ленено Семе

linseed, flax seeds, wooden scoop, sack

Некои го нарекуваат најмоќно растение на планетата, некои го сметаат за лек за сè, а сите го знаеме како лен, односно ленено семе. Науката докажала на многу наврати дека лененото семе има позитивни ефекти против срцеви заболувања, рак, мозочен удар и дијабетес. Многу често се користи како додаток на многу диети за намалување на телесната тежина, а најчесто додаток во исхраната за поздрав живот.

Лененото семе е богато со Омега 3 масни киселини, оние добрите масти кои имаат добар ефект на работата на срцето. Една супена лажица лененото семе содржи 1,8 грама растителни Омега3 киселини. Исто така содржи лигнани, кои имаат растителни естрогени и силни антиоксидантни својства. Лененото семе содржи 800 пати повеќе вакви лигнани од другите растенија. И конечно, нешто што е добро за целосното здравје и убавина, а тоа се диететските влакна. Лененото семе ги содржи и растворливите и нерастворливите диететски влакна. 

Наједноставно е да додадете 1 лажичка во житарките за појадок. Исто така, пред појадокот може да изедете 1 лажица ленено семе со вода, јогурт или кисело млеко. Семето може да се додава во салати, во сосови, и сите нешта кои се печат како лебови, колачи и слично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu