Најчести грешки во исхраната на боди-билдерот ПРВ ДЕЛ Подолу ќе бидат наведени вообичаени грешки што бодибилдерите ги прават за да ја постигнат својата цел: ГОЛЕМИ И СИЛНИ МУСКУЛИ!!!

1512508_1388470174738054_52162869_n

Најчести грешки во исхраната на боди-билдерот ПРВ ДЕЛ
Подолу ќе бидат наведени вообичаени грешки што бодибилдерите ги прават за да ја постигнат својата цел: ГОЛЕМИ И СИЛНИ МУСКУЛИ!!!

1. Премногу храна

Секој вишок на калории ќе биде складиран како масно ткиво. Изградба на мускулите е цел број еден, а масното ткиво е непријател број еден. Погрешно правило е дека некое лице со прекумерна тежина треба да јаде помалку храна од таа што ја внесувал до тогаш. Ако така се храни ќе изгуби на телесната тежина и обем, но речиси ќе изгледа како пропадната верзија на самиот себе (пред намалување на оброкот). Односот на масните наслаги кон мускулното ткиво ќе останат непроменети.

Вистинскиот успех е, всушност да се губат мастите, а да се зачува постоечкото мускулното ткиво. Со цел да се постигне ова потребно е комбинација на аеробни вежби и теретана, како и внес на протеини, јаглехидрати и масти во вистинската количина. Неопходно е да се биде свесен за храната која ја јадеме. Кога купуваме храна треба да се гледаат етикети, за да се види она што храната содржи. Мускулите да “преживеат” потребно е да се внесе голема количина на протеини . Со цел да се обезбеди потребното гориво за раст, потребни се квалитетни јаглехидрати. Постои тенка линија помеѓу доволно и премногу храна. Секој поединечно за себе. Вие треба да експериментирате и да ги следите промените, па ќе дојдете до вистинска, оптимална исхрана што води кон резултати.

2. Недоволно храна

Несоодветната исхрана е исто толку лоша како премногу внесување храна. Физиолошки е невозможно да се изгради мускулното ткиво, ако во диетата недостасуваат правите продукти. Секое правилна исхрана вклучува редовно внесување на протеини, јаглехидрати и масти. Трикот е во тоа што сите да се соодветно избалансирани. Ако добиеме доволно добар квалитет на храната, создаваме услови за градење на мускулна маса. Но акцентот е во балансот на хранливите материи – доколку се внесуваат во преголема количина и најдобрите градивни материи ќе се складираат како масти. Една од клучните стратегии е да се консумира чиста храна, храна со малку или без маснотии и шеќер. Неопходно е да се конзумира во поголема количина ваков тип на храна посебно ако се земе предвид дека напорното вежбање во теретана во комбинација со кардио вежби ќе ги зголеми метаболичките потреби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu