CLA – Конјугирана линолеинска киселина

your-expert-guide-to-cla-1-700xh

CLA – Конјугирана линолеинска киселина

Таргетиран напад врз масното ткиво

Што е КЛА?

КЛА  или конјугирана линолеинска киселина е полинезаситена масна киселина чиј природен извор се животинските продукти од преживари – млечни и месни производи.

Постојат 28 познати изомери (структурни варијации) на конјугираната линолеинска киселина, при што сите се карактеризираат со присуство на 2 двојни врски во структурата ( двојните врски се незаситени врски поради присуството на неспарени електрони) што ги класифицира како полинезаситени масни киселини (содржат  >1 незаситена врска). Во облиците кои се користат за суплементација постои варијабилен сооднос на двата најзастапени структурни варијации на ЦЛА – имено 9,11-ЦЛА и 10,12 – ЦЛА.

Слика бр.1 – Линолеинска киселина и двете главни структурни форми на ЦЛА застапени во суплементите

 

Самата конјугирана линолеинска киселина е производ на бактериската флора присутна во дигестивниот тракт на животните преживари – вклучувајќи ги и домашните животни. Нивната исхрана ( сено, трева) изобилува со полинезаситени масни киселини како што е линолеинската масна киселина која трпи трансформација под дејство на бактериите ( додавање на водороден атом/електрон – биохидрогенација) при што се создава конјугирана линолеинска киселина.

Слика бр.2 – Синтеза на ЦЛА

Новоформираната ЦЛА продира во крвотокот на животното при што се пренесува до ткивата кои стануваат главен природен извор на ЦЛА ( имено млечните и месните производи).

Покрај овој природен пат постои и вештачки пат на синтеза на ЦЛА кој се базира на употреба на масла богати со линолеинска киселина како што е маслото од шафра, сончоглед, пченка и соја.

Слика бр.3 – Масло од шафран

 

Ефекти на суплементација со КЛА

Досегашните клинички испитувања на ефектите на ова соединениe упатуваат на неговиот антикарциноген, антиатеросклеротичен и антиобезоген ефект. Капацитетот на ЦЛА за редуцирање на нивоата на телесни масти како и поволниот ефект на регулацијата на гликемијата, антиатеросклеротичниот и антиканцерогениот ефект се докажани преку различни експериментални модели. Ефектите на ЦЛА на ниво на масното ткиво се припишуваат на интеракција со различни ензими како што е липопротеин липазата и генска интеракција – шреку ППАР.

Најистражен е нејзиниот ефект на метаболизмот на мастите и начинот на кој суплементација со истата доведува до промена во телесната композиција  – досегашните истражувања укажуваат на значајно намалување на количеството на масно ткиво – без големи ефекти врз БМИ и мускулната масa.

Иако постојат некои дискордантни резултати од клинички студии кои не го потврдуваат овој ефект тие се засенети од бројот на студии кои упатуваат кон бенефициелниот ефект од суплементацијата со ЦЛА. Се смета дека профилот на ефекти зависи од соодносот на изомерните форми присутни во суплементот како и дозирањето.

Учесници во студијата Ефекти припишани на ЦЛА
Здрави мажи и жени  (n = 55). ↑ чиста телесна маса
↑ серумско ЦРП, ИЛ-6
Витки (n = 13) и обезни (n = 12) млади мажи (23–38 years).
Витки (n = 20) и обезни (n = 14) постари мажи, 50–64 years).
↓ масно ткиво во младата/обезна група
↑ чиста телесна маса во младата/обезна група
↑ адипонектин во младата група (хормон произведен од масните клетки кој регулира ниво на гликоза и масти во крвта
Здрави мажи и жени со прекумерна телесна тежина (n = 52). ↓ масно ткиво (<3.4 g/day)
↑ чиста телесна маса (<3.4 g/day)
Здрави мажи и жени со стабилна тежина (n = 80). ↓ телесна тежина, BMI, масно ткиво, однос струк-колк, поткожно масно ткиво
Постменопаузални жени (n = 35). ↓ телесна тежина, BMI, адипозност на труп
Здрави мажи и жени со редовна физичка активност (n = 64). Без ефекти на телесната тежина
↓ серумски холестерол и инсулин (кај испитуваните жени)
Мажи и жени со прекумерна но стабилна телесна тежина  (n = 19). ↓ телесна тежина
↑ оксидација на масни киселина (за време на сон)

 Табела бр.1 – Клинички студии

Препорачаниот начин на дозирање на ЦЛА е три пати дневно по секој оброк. Овој начин на континуирано земање се смета дека е круцијален за ефикасност во човечкиот организам.

Во прилог се препорачани достапни продукти:

1/ AMIX CLA 1200

 

 

НАРАЧАЈ ТУКА

Начинот на дозирање е 3 капсули дневно и тоа по една капсула по секој оброк.

2/  GREEN DAY CLA 1000

НАРАЧАЈ ТУКА

Начинот на дозирање е 1 капсули дневно и тоа по оброк.

 

Референци:

1/ den Hartigh LJ. Conjugated Linoleic Acid Effects on Cancer, Obesity, and Atherosclerosis: A Review of Pre-Clinical and Human Trials with Current Perspectives. Nutrients. 2019 Feb 11;11(2):370. doi: 10.3390/nu11020370. PMID: 30754681; PMCID: PMC6413010.

2/ Onakpoya IJ, Posadzki PP, Watson LK, Davies LA, Ernst E. The efficacy of long-term conjugated linoleic acid (CLA) supplementation on body composition in overweight and obese individuals: a systematic review and meta-analysis of randomized clinical trials. Eur J Nutr. 2012 Mar;51(2):127-34. doi: 10.1007/s00394-011-0253-9. Epub 2011 Oct 12. PMID: 21990002.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu