Латинското име на Ѓаволската канџа е Tribulus Terrestis и е позната по тоа име и многу спортисти тврдат дека е еден од врвните суплементи за градење на мускулна маса.
Трибулусот расте сам од себе по полињата во многу делови од светот, инаку попознат е и по имињата: Козја глава, Мачкина глава, Ѓаволска трева итн. Плодот на тревата е цветот кој се суши кон крајот на пролетта и се стврднува во мали бодликави семиња.
Пред да се стврдне цветот на Ѓаволската канџа (Ѓаволска трева) поседува моќ за да помогне во поддршка за зголемување на нивото на тестостерон што е од голема корист за време на тренинзи.
Дејство на трибулусот
Како и сите треви Трибулусот содржи многу активни состојки, најзначителни се неговите сапонини од кои најважен е стероидниот сапонин Протодиосцин, за кој се верува дека е основниот активен нутриент од трибулусот.
Трибулусот воглавно се користи како растителен засилувач на тестостерон или како додаток на суплементите за да стимулира мускулна маса и сила.
Трибулусот делува на нивото на тестостерон со тоа што го зголемува лутеинизирачкиот хормон (LH) или фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH).
Билни состојки
Трибулусот е билка, но варира од вид до вид, исто како и другите тревки исто и трибулусот не е идентичен од еден до друг вид.
Пример концентрацијата на протодиосцин зависи од кој дел на светот потекнува. Највисока концентрација на протодиосцин во трибулусот има во Турција, Македонија и Бугарија, а тој од Индија, Кина и Виетнам има значително пониска концентрација.