ТАЈНИТЕ НА ЦИМЕТОТ

cimet-16df4b816c05bfd04c058541705756f0_header

Циметот е еден од најстарите познати зачини кој најпрво е забележан во Кина. Слаткиот зачин со специфичен мирис се добива од мало зимзелено дрво кое е налик ловор. Неговата кора го претставува самиот зачин иситнета на мали гранчиња, надворешната кора се отстранува, додека внатрешната се завиткува во стапчиња околу 2.5 цм, па така на пазарот го добиваме циметот во стапчиња и мелен во прашак форма. Во древниот Египет нашол употрба како лек, ароматизатор на пијалоци и за балсамирање досигнувајќи цена повисока и од златото. Денес најголем извозник на цимет е Мексико.

Енергетската вредност на циметот на 100 g изнесува  261 kcal / 1091 kJ. 4 грама на протеин, 3.2 грама масти и 80 гр јаглехидрати, 54грама диетални влакна. Од минерали содржи манган, железо, калциум, бакар и цинк. Од витамини пак богат е со витамин Ц и витаминот К.

Огромна е неговата лековита дејност и тоа конзумирајќи по само половина лажиче дневно:

– заштита од настинка и грип

– делува смирувачки на нервниот систем

– го намалува ризикот за добивање шеќерна болест, а доколку ја имате го активираат инсулинот и делуваат заеднички со него.

– намалување на мастите од лошиот холестреол

– содржи состјки кои ја намалуваат телесната температура доколку има потреба од тоа.

Прекрасниот мирис на циметот ја поттикнува работата на мозокот, џвакање на мастики со вкус на цимет ја подобрува меморијата, фокусот и визуелниот прием.

Добар пар е со : кафе , чај, овошен сок, житарици од работите кои секојдневно ги конзумираме.

Неговата употреба е распространета на повеќе полиња,а не само во прехрамбената индустрија често е употребуван како козметички препарат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu