БЕНЕФИТИТЕ ОД КОКОСОВАТА ВОДА И КОКОСОВОТО МАСЛО

coconuts_kesu_shutterstockmed

Веројатно се слушнале за конзумирањето на кокос и неговите деривати, како шеќер, брашно, млеко и за нивните бенефити, па сега да позборуваме малку поопширно за бенефитите од водата и маслото на кокосот, како помага за здравјето и убавината и зошто треба да се конзумира

КОРИСТ ОД КОКОСОВАТА ВОДА

Kokosova voda

Анти-стареење

Кокосовата вода содржи цитокини и лауринска киселина, двата најважни елементи кои се користат во процесот на растење на клетките и нивна регулација. Имаат значителна формула за против-стареење, анти канцерогени и анти тромботични карактеристики кои што помагаат за намалување на стареењето на кожата, баланс на РН вредноста и да ги чуваат сврзните ткива подмачкани и силни.

Мускулни грчеви

Еден од најголемите бенефити на кокосовата вода е дека спречува мускулни грчеви. Кокосовата вода е богата со калиум, чија недоволна количина предизвикува грчеви.

Камења во бубрег

Кокосовата вода исто така помага во разложувањето на камења во бубрезите заради содржината на калиум, кој што игра главна улога во алкализацијата на урината и спречување на создавање на камења.

Надуеност

Спречувањето на надуеност е една од најдобрите бенефиции на кокосовата вода, со тоа што ги минимизира гасовите.

КОРИСТ ОД КОКОСОВОТО МАСЛО

Kokosovo maslo

Го подобрува варењето

Доколку патите од слаб дигестивен систем или подуеност во стомакот, обидете се да додадете кокосово масло во вашата исхрана. Докажано е дека кокосовото масло помага во дигестивниот неред. Масните киселини во кокосовото масло содржат анти микробиолошки карактеристики, кои што имаат ефект на смирување кон бактериите или паразитите кои предизвикуваат слабо варење.

Го зголемува добриот холестерол

Кокосовото масло имаше лоша репутација до пред неколку години, кога постоеше мислење дека се што го зголемува холестеролот е лошо, но сега е докажана разликата помеѓу добриот и лошиот холестерол и тоа покажува дека всушност го зголемува нивото на добриот холестерол. Клетките на вашето тело му требаат количини на добар холестерол и ова е еден начин да му овозможите.

Ги намалува мастите околу стомакот

Кокосовото масло е посебно ефективно за намалување на мастите околу стомакот кои што се формираат во празнината на стомакот и околу органите. Овие се најлошите масти и се причина за многу болести.

Го контролира нивото на шеќер во крвта

Една од најважните причини за конзумација на кокосовото масло е дека ги контролира количините на шеќер во крвта. На многу луѓе контролата на глукозата во крвта за време на своите успони и падежи им помага да ја задржат и стабилизираат својата тежина. Исто така игра голема улога во тоа колку мрзливо или енергично се чувствувате во текот на денот. Одржувајќи стабилно ниво значи дека може да останете фокусиран цело време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu