1002140qlmc_testosterone

Kоја храна го потикнува лачењето на тестостерон ?

Тестостеронот како хормон има големо значење во боди билдингот и фитнесот,поточно во градењето

на мускулите.Тој се создава во гонадите (полни жлезди ) како кај мажите така и кај жените и со него

е предодредена големината и силата на мускулното ткиво,има влијание на ретенциа на протеините

како и на многу други функции.

Иако постојат природни и синтетички производи кои влијаат на нивото на тестостерон за развој на мускулите,

Постојат и низа различни хранливи состојки кои го потикнуваат создавањето на тестостеронот на природен начин.

Свежи школки ( остриги )

Школките се на врвот на листата намирници за потикнување на сосздавањето на тестостерон.Имаат голем

дел цинк кои го подобрува создавањето на тестостерон и сперма.Покрај со цинк,школките се обогатени

со протеини и магнезиум.

Шпаруги

Шпарогите се одлични намирници за зголемување на тестостеронот,богати со витаминот Е  кои има

главна улога за создавањето на тестостерон.Шпарогите заедно со гравот содржат одлична комбинациа

на цинк,протеини со малку маснотии и се одлични за да ги конзумирате колку сакате а да сотанете

во форма.

Говедско ( телешко )

Телешкото како извор на протеини е многу добра основа за прехрана на боди билдерите.Покрај протеинот

содржи и голем дел цинк и е одличен за потикнување на создавањето на тестостерон.

Јаткасти плодови

Разни истражувања покажале  дека конзумирање на масти,посебно монозаситени ја зголемува количината

на тестостерон.Јаткастите плодови содржат “здрави маснотии”  како и есенцијални масни киселини

потребни за зголемување на нивото на тестостерон.

Јајца

Факт е дека тестостерон се создава со синтеза од холестерол. Продуктите богати со холестерол се основни градбени единици за создавање на тестостерон. Јајцата содржат чист холестерол за кој може да се докаже дека неговата прекумерна количина во јајцата и не е толку штетна како што мислат многумина. Јајцата се голем извор на витамините B5 и B6 кои помагаат во воспоставувањето на хормонска рамнотежа.

Лук

Медицинските истражувања покажале дека лукот го зголемува нивото на тестостерон но воедно може да го намали кортизолот кој е иначе конкурентен хормон на тестостеронот кој може да предизвика пропаѓање на мускулите.

Кафен ориз , други цели житарки и сложени јаглехидрати

Јаглехидратите не се само неопходна состојка за обнова на мускулите и извор на енергија , туку сложените јаглехидрати водат до создавање на значителна количина тестостерон , а воедно спречуваат дебелеење.

Сирење 

Помалку масно сирење може да биде одлична намирница за изградба на маса , но и за согорување на мастите. Безмасните сирења имаат ниско ниво на маснотии , многу малку јаглехидрати и висока протеинска вредност. Сирење без маст е скоро чист протеин. Сирењето содржи и потребни количини на цинк за создавање на тестостерон.

Риба Лосос

Покрај високиот дел на протеини , многу малку масти , рибата содржи витамини како што се B5, B6 и B12 , кои сите влијаат на здравјето , репродукцијата и нивото на тестостеронот.

http://hardcoreshop.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4/chela-zinc-30-caps/

 

http://hardcoreshop.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4/tribusteron-60-120-caps/

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детали за нарачка

No products in the cart.