ТРИБУЛУС ТЕРЕСТИС – ЃАВОЛСКА КАНЏА

HDBODY-ARTICLE-Header-Untapped-11-300x120

HDBODY-ARTICLE-Header-Untapped-11

Латинското име на Ѓаволската канџа е Tribulus Terrestis и е позната по тоа име и многу спортисти тврдат дека е еден од врвните суплементи за градење на мускулна маса.

Трибулусот расте сам од себе по полињата во многу делови од светот, инаку попознат е и по имињата: Козја глава, Мачкина глава, Ѓаволска трева итн. Плодот на тревата е цветот кој се суши кон крајот на пролетта и се стврднува во мали бодликави семиња.
Пред да се стврдне цветот на Ѓаволската канџа (Ѓаволска трева) поседува моќ за да помогне во поддршка за зголемување на нивото на тестостерон што е од голема корист за време на тренинзи.

Дејство на трибулусот

olimp_tribusteron60_blisterКако и сите треви Трибулусот содржи многу активни состојки, најзначителни се неговите сапонини од кои најважен е стероидниот сапонин Протодиосцин, за кој се верува дека е основниот активен нутриент од трибулусот.

Трибулусот воглавно се користи како растителен засилувач на тестостерон или како додаток на суплементите за да стимулира мускулна маса и сила.
Трибулусот делува на нивото на тестостерон со тоа што го зголемува лутеинизирачкиот хормон (LH) или фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH).

Билни состојки

Трибулусот е билка, но варира од вид до вид, исто како и другите тревки исто и трибулусот не е идентичен од еден до друг вид.
Пример концентрацијата на протодиосцин зависи од кој дел на светот потекнува. Највисока концентрација на протодиосцин во трибулусот има во Турција, Македонија и Бугарија, а тој од Индија, Кина и Виетнам има значително пониска концентрација.

olimp_tribusteron-60

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu