Кога е најдобро време за консумирање додатоци во исхраната

images_statii_fitness_suplementi-vreme-st

Mark LeBruyne, фитнес инструктор со повеќе од 14 години работно искуство, неколку години извршувал истражување за суплиментите кои тој ги користел и им ги препорачувал на оние кои ги тренирал.

После неколку години заклучил дека секој суплимент дава различни резултати кај оние што го употребуваат, секако, од проста причина што организмот не е мотор од автомобил. Но и покрај многуте разлики, тој составил упатство за користење на најчесто употребуваните суплименти (креатин, протеин и глутамин).

Оваа статија ќе ви покаже кога и како да ги консумирате вашите додатоци и како да го извлечете најдоброто од нив. Креатинот, глутаминот и протеинот се топ 3 додатоци во бодибилдингот кои најчесто се користат. Но, кое е најдоброто време за да се консумираат овие додатоци?

Креатин

najdobro-vreme-za-pienje-dodatoci-creatineНајдобро да се консумира половина час пред тренинг и уште еднаш веднаш после вежбањето. Можете да го мешате со вода или џус од јаболко или портокал.

Оваа техника помага во градењето на мускулите додека тренирате и спречува пад на силата на вашите мускули за време на вежбањето.

Исто така, креатинот може да го пиете еднаш или два пати во текот на денот. Препорачливо е да се пие околу 20-25 грама протеини во фазата полнење (првите 5 дена) и 5-10 грама во наредните 40 дена. После 45 дена се препорачува пауза (околу 1 месец) од консумирање на креатин.

Глутамин

najdobro-vreme-za-pienje-dodatoci-glutamineГлутаминот дефинитивно се препорачува да се зема веднаш пред легнување. Тоа е една доза која успешно делува кај сите кои досега го користеле. Истражувањата покажале дека вредноста на глутаминот го поттикнува растењето на нивото на хормони со земање на 5 грама пред спиење.

Исто така, одлично време за земање глутамин е веднаш откако ќе се разбудите, кога вашите мускули се доволно одморени 6-8 саати.

Третата доза можете да ја земате половина час откако ќе завршите со вежбање. Ова помага во процесот на закрепнување на мускулите од напорното вежбање.

Така што, креатинот пред и после вежбањето, а глутаминот еднаш пред легнување и уште една доза откако ќе се разбудите или половина час после тренинг (вие одлучете која доза подобро делува на вашиот организам).

Протеини

najdobro-vreme-za-pienje-dodatoci-proteiniНајдобро време да се напиете било каков протеински пијалок или додаток е:
(листата е направена според најдобриот тајминг, но според можностите и условите, вие одлучете кога можете да консумирате протеин)

1. Веднаш после тренинг – Вашите мускули ќе бидат како сунѓер и поради тоа им е потребна храна за да се опорават.

2. Пред спиење – Ќе треба да отспиете 8 часа, што е долг период без да внесете протеин.

3. Откако ќе се разбудите – Истото, 8 часа сте биле без соодветна храна. На вашето тело му е потребен протеин.

4. Половина час пред да започнете со тренинг – Во овој случај протеините ќе помогнат во тренингот а мускулите ќе добијат соодветна исхрана, која ќе влијае врз вашите перформанси како подигнување на тежина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu