Зошто CFM изолатот владее во светот на протеините?

post22

Протеинот од сурутка е еден од двете поголеми групи на протеини најдени во млекото и е најквалитетен извор на протеин.Како бипродукт од производството на сирење сурутката во својата оригинална форма е течност која содржи помалку од 1% протеин и повеке од 93% вода.

При понатамошна обработка протеинот се издвојува од водата со што се добива протеин во прашкаста форма,кој со процес на ултрафилтрација се одвојува од лактозата и минералите.Со овој процес се добива концентрат протеин од сурутка кој содржи од 35% до 50% протеин,кои проценти можат да се зголемат со помош на диафилтрација и до 80% протеин.

Со потребата за почист протеин 80%-от концентрат протеин со процес на микрофилтрација (CFM-cross flow microfiltration), доаѓа до одвојување на сурутката од мастите со што се добива изолат протеинот од сурутка.

Изолат протеинот од сурутка е најчистата форма на протеин со екстремна количина (< 90%) протеин во доза и со голема редукција на масти,лактоза и шеќери.Изолат протеинот исто така се добива и при хемиски процес на јоноизменување во кој се користи pH прилагодување за да се постигне протеинска сепарација.

Зошто CFM изолатот од сурутка е супериорна форма на протеин?

Микрофилтрираниот протеин изолат за разлика од јоноизменувачкиот не е денатурализиран со што се задржуваат биопептидите кои се субфракции на протеинот важни за имунолошкиот систем и биоактивноста на протеините.CFM изолатот има највисоко ниво на неденатурализиран протеин од 99%.

Биолошката вредност е најголема кај изолат протеинот тестирана од BV методот,со кој се мери нивото на азот апсорбиран во организмот од протеинот.Азотниот баланс во организмот е она што ни овозможува градење на мускулната масa.

         Видови на протеин          Биолошка вредност
     Изолат протеин од сурутка                           159
   Концентрат протеин од сурутка                           104
                    Јајце                       100
                   Млеко                        91
             Белка од јајце                        88
             Пилешко месо                        79
                  Казеин                        77
                    Соја                            74

Amix™ IsoPrime CFM® е високо квалитетен микрофилтриран изолат кој содржи 90% протеин, но сепак ја задржува високата биолошка вредност со што брзо се апсорбира од организмот.

Содржи целосен спектрум на амино киселини вклучувајќи и најголема концентрација на BCAA, како и другите есенцијални амино киселини.

 

Предности:

-Протеинот помага во растот на мускулната маса

-Протеинот помага во зачувување на мускулната маса

-Содржи исклучително висок процент на протеин (90%)

-Содржи многу низок процент на лактоза

-Одлична растворливост

-Без аспартам

-Засладен со сукралоза Splenda®

Препорачана доза: Измешајте 1 лажица (35гр.) со 200-300 мл. вода или ниско маслено млеко.Користете блендер или измешајте го рачно, мешајте 30 секунди.Земете 1-3 сервирања дневно помеѓу оброци, во зависност од вашата дневна потреба за протеини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu