Златната тројка помеѓу аминокиселините

bcaaa

BCAA се три есенцијални аминокиселини од разграден ланец (леуцин, исолеуцин и валин). Тие се есенцијални поради тоа што телото неможе да ги создаде само од другите аминокиселини,со што е потребно да се внесат преку исхраната или суплементите.Тие сочинуваат 40 проценти од дневната побарувачка на телото од 9-те есенцијални аминокиселини,па одтука и големата важност за внес на истите.

Најголема концентрација на BCAA во храната има во: пилешкото месо,говедското,јајцата и протеинот од сурутка.Но исто така тие може да се користат и како суплементи од што атлетите имаат голема придобивка,затоа што овие аминокиселини како додаток имаат слободна форма со што го одминуваат црниот дроб и стомакот и одат директно во крвта.

BCAA се добро познати по поттикнувањето на протеинска синтеза. Суплементацијата со BCAA проследена од тежински тренинг резултира со максимална протеинска синтеза,бидејќи оваа комбинација двојно го поттикнува (mTORC1-киназа која ги регулира клучните функции на ќелиите поврзани со промоција на растот на ќелиите и метаболизмот) кој е есенцијален за мускулен раст.

Суплементацијата со BCAA исто така резултира со зголемено согорување на телесните масти и регулација на толеранцијата на гликоза.
Исолеуцинот ја подобрува толеранцијата на гликоза додека Леуцинот ја зголемува потрошувачката на енергија и оксидацијата на мастите.Зголемената мобилизација на мастите овозможува пофлексибилен метаболизам,со што се зголемува губењето на мастите.
BCAA аминокислените со разграден ланец делуваат најимпресивно при намалувањето на заморот и издржливоста при исцрпните тренинзи.Тие ги зголемуваат перформансите преку два механизми.Првиот е способноста да бидат употребени како енергија и да го одржуваат нивото на ATP енергија при тренинзи кои го намалуваат гликогенот во мускулите.Вториот пак делува превентивно во исцрпеноста на централниот нервен систем со инхибиција на навлегувањето на триптофанот во мозокот.Триптофанот е искористен од мозокот за производство на серотонин, кој е одговорен за чувството на замор и исцрпеност.

Со ова можеме да заклучиме дека суплементацијата со BCAA игра голема улога кај спортистите кои се во калориски дефицит затоа што со зголемувањето на протеинската синтеза во мускулите ке бидат во можност да го спречат губењето на мускулна маса додека ќе имаат и бенефит од зголемена енергија и полесно топење на телесните масти.

AmixTM BCAA Micro Instant Juice е високо концентрирана формула на амино киселини од разграден ланец, без полначи, специјално дизајнирана за перфектно солубилен, вкусен и освежувачки напиток.
Извор на високо квалитетни супер микронизирани аминокиселини со разграден ланец.

– Хидролизирани, брзо солубилни
– Л-леуцин, Л-исолеуцин, Л-валин 7000мг. Во доза!
-Ултра 2:1:1 однос

Дозирање: Измешајте 2 мерици (10г.) со 300-400 мл. вода и испијте веднаш по физичка активност. За да го промените вкусот и слаткоста, променете го количевството на вода. Земете 10г. дневно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu