Протеинска торта со бадеми

ec15d42fe80066d2d62776c5b4dc4840

Тортите и колачите може да бидат многу здрави и хранливи ако се составени од вистинските состојки и ако не се подготвуваат со состојките кои се ставени на црната нутриционистичка листа на исхрана, која е предводена од рафинирани шеќери, кои вообичаено се наоѓаат во составот на повеќето слаткиши.

Додека голем број луѓе сега се прашуваат како тоа е можно да се направи торта или колачи без шеќер, предлогот подолу со детален список на состојки и начинот на подготовка на торта со бадеми, протеин од сурутка, путер од кикирики, ќе биде сосема доволен одговор.

СОСТОЈКИ

– 1 чаша (227 грама) природен путер од кикирики

Image result for путер од кикирики

– 1/2 чаша (108 грама) бадемово млеко без шеќер

– 1/2 чаша (75 грама) бадеми

– 3 дози (75 грама) на протеин од сурутка со арома на чоколадо

100% Whey Protein 2350g

– 1 лажичка Стевиа

ПОДГОТОВКА

Во сад го загревате путерот од кикирики за да омекне, потоа се додава бадемовото млеко и се добро се промешува.

Сомелете ги или издробете ги бадемите и додадете ги во загреаната мешавина заедно со мешавина на протеинот од сурутка и стевиата и сево ова добро се промешува, се додека смесата не се изедначи.

Смесата формирана во квадрат се префрла на масна кујнска хартија или пластична фолија, а потоа ги превиткувате краевите за да можете тортата да ја пренесете во фрижидер.

По 8 часа ладење, исечете ја тортата и послужете ја по избор.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (1 парче од тортата во просек има околу 61 грам)

Калории: 254

Јаглехидрати: 12 грама

Масти: 17 грама

Протеини: 16 грама.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu