8 Митови за вежбањето

New-Year-fitness-tips

8 Митови за вежбањето

Мит : Кога ќе престанете да вежбате мускулите се претвораат во масни наслаги

Реалност : Мускулите и масните наслаги се две подполно различни ткива кои имаат различни функции , така да физиолошки е невозможно едното да се претвори во
другото.Ако престанете да вежбате вашите мускули ќе атрофираат , без обзир колку
порано напорно сте вежбале.Ако ,покрај тоа , внесувате и повеќе калории одколку
што трошите – тие додатни калории ќе се претворат во масно ткиво.

Мит : Морате да вежбате 30 минути без престанок за да бидете во топ форма.

Реалност : Три десето минутни кардио тренинзи даваат исти резултати за вашето
здравје како и едно триесет минутно вежбање.Ако сакате да го намалите вишокот
на килограми секако дека по брзо ќе ја постигнете оваа цел ако повеќе вежбате.Но
немојте да чувствувате вина ако стигнете да направите само неколку вежби .
Немате време ? Зајакнете го интензитетот.Движете се брзо и под оптеретување на
елиптичниот тренажер или трчајте една минута додека одите за да ја одржите кон –
дицијата и навиката да вежбате.И запомнете дека се што работите на некој начин ви
користи : било да е тоа петоминутна прошетка или носењето на тешки торби , колку
и да траело…

Мит : Луѓето со зголемена телесна тежина имаат успорен метаболизам.

Реалност : Иако некои луѓе имаат пореметување на метаболизамот , помалку од 10% од луѓето со прекумерна тежина патат од тоа.Всушност , колку сте потешки повеќе калории трошите во текот на вежбањето за ист временски период од послабите лица. Ако приметите дека вагата покажува зголемена тежина прво размислете за вашата активност а дури потоа за вашиот метаболизам.

Мит : Со пливање не можете да ја намалите телесната тежина.

Реалност : Точно е дека пливачите кои пливаат во ладна вода и тоа на долги патеки имаат тендеција да го задржат масното ткиво ( служи како изолатор ).Но кај повеќето пливачи доаѓа до намалување на телесната тежина бидејќи со пливањето трошат 450 до 700 калории на час.А тоа не е баш малку , зар не ?

Мит : Истегнувањето пред да се почне со вежбање ги спречува повредите и го подобрува самото вежбање.

Реалност : Истражувачите се уште ги кршат копјата околу ова прашање, бидејќи разни студии покажуваат различни резултати ( од тоа дека е исклучително корисно до заклучокот дека и самото истегнување може да предизвика повреди ) .Сепак , општ заклучок е дека ако редовно го работите истегнувањето , ќе можете полесно да се наведнете и ќе бидете по еластични. Затоа е згодно да го сочувате истегнува – њето за крајот на вежбањето , кога мускулите се загреани.

Мит : Повеќе калории ќе потрошите ако вежбате кога е ладно времето.

Реалност : Ако се тресете додека долго трчате на ладниот воздух за да потрошите повеќе калории , можеби ќе сакате да побегнете внатре поради ладното.Ќе потроши – те нешто повеќе калории во текот на првите неколку минути од трчањето , но кога ќе се загреете согорувањето на калориите е исто без оглед дали вежбате во Сибир или во Сахара.

Мит : Кога вашето тело е навиканто на некои вежби , ќе потрошите помалку калории додека ги работите.

Реалност : Ако сте го прилагодиле интензитетот , ќе потрошите еднаков број на калории џогирајќи или возејќи велосипед , како минатата недела, минатиот месец или дури и минатата година.Експертите кажуваат дека овие приципи се применливи само за вежбите во кои предходно сте биле природно не ефикасни , како што е користењето на елиптичните тренажери.После 5 -6 сесии , вашите движења ќе бидат по лесни и ќе потрошите малку повеќе калории , но разликата е само 2 – 5 %.

Мит :Читачот на калории на справите за вежбање е точен.

Реалност : Истражувањата покажале дека некои справи за вежбање покажуваат неточност дури и до 70 %.Елиптичните тренажери не биле доволно долго во употреба за да научниците може да развијат адекватни формули за согорување на калориите.Кај справите како што е собниот велосипед и лентите , воопштено може да им се верува на бројачите за потрошени калории , посебно ако ги внесете своите години и тежината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu