l-carnitine

Што треба да знаете за најпопуларниот суплемент за слабеење, Л-Карнитин

Карнитинот води потекло од амино киселина и се наоѓа скоро во сите клетки на организмот. Името потекнува од латинскиот јазик и значи “месо”, бидејќи во неговиот состав се наоѓа голем процент на месо.

Што е Л карнитин?

Карнитинот игра одлучувачка улога во производството на енергија. Тој ги транспортира масните киселини во митохондрии (вид на ќелии) каде со согорувањето произведуваат енергија. Со оваа клучна функција, карнитинот сместен во мускулите корисно ги употребува мастите како гориво, или народски кажано: од мастите создава енергија.

Препорачливи дози на карнитин?

Здравите деца и возрасните луѓе не мораат да консумираат карнитин во храната или суплементи за него, бидејќи црниот дроб и бубрезите произведуваат доволна количина како би се задоволиле дневните потреби.

Оние луѓе со вишок на килограми кои сакаат да започнат процес на слабеење, како број еден суплемент за слабеење го користат Л-Карнитинот. Дозите за консумирање кај секој производител се различни, но се впишани на етикетата на производот. Најчесто препорачаната доза изнесува од 1000 до 3000 мг.

Храна која содржи карнитин?

Животинските производи како месото, рибата и млекото се најдобрите извори. Црвеното месо содржи најголема количина на карнитин.

Неколку производи кои содржат карнитин:

  • Говедски стек: во 100 грама содржи од 56 до 162 мг.
  • Млеко: во 100мл. содржу 8мг.
  • Пилешки гради: 3-5мг.
  • Сирење: 2мг
  • Пченкарен леб: две парчиња 0.2 мг

Повеќе производи – тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детали за нарачка

No products in the cart.