Направете го совршениот протеински шејк после тренинг

proteinski-shejk

После квалитетен тренинг во теретана или во природа, потребно е во следниот половина час да внесете хранливи материи потребни за раст на мускулите. Вашиот метаболизам работи најбрзо после тренингот. Ако сакате да го зголемите резултатот од вежбањето, никако не го прескокнувајте оброкот после тренингот.

Подолу ќе ги најдете чекорите кои што треба да ги преземете за да создадете идеален протеински шејк којшто е добро да го консумирате после секој тренинг.

1. Важноста на протеините

Протеините коишто ги консумирате после кревање на тежина за време на тренингот брзо ќе се разложат во телото и ќе ви послужат во обновувањето на мускулните влакна со цел да растат посилни. Многу студии покажаа дека со дополнување на протеин во прав веднаш после тренингот се зголемува и ефикасноста на тренирањето.

2. Утврдете колку протеини ви се потребни 

Ако вашата цел е кревање на мускулна маса, во текот на денот треба да внесувате 2 гр. протеин на килограм телесна тежина. Значи, ако вашата телесна тежина е 75 килограми, вашиот дневен внес на протеини треба да биде околу 150 грама.

Околу 25 од таа бројка е најдобро да ја внесувате веднаш после тренингот, односно 35 до 45 грама чист протеин во оброкот после тренингот. Токму затоа овој протеински шејк ќе биде од голема помош и ќе го надополни вашиот оброк за да ја достигнете потребнато бројка.

3. Утврдете колку јаглехидрати ви се потребни

Откако ќе утврдите колку протеини се потребни за вашиот организам, треба да откриете и колку јаглехидрати треба да внесете. Мастите во овој временски период треба да се избегнуваат, бидејќи токму тие ќе го забават ослободување на хранливи материи до мускулните клетки.

Со цел да ги добиете најдобрите резултати, треба да консумирате брзодејствувачки јагленихидрати 30 минути после тренингот, а потоа следи внесување на побавно-дејствувачки јаглени хидрати. Ова ќе ви помогне да внесете гликоза во мускулните клетки за побрзо закрепнување.

proteinski-shejk-2

За совршениот шејк ви се потребни:

  • Блендер
  • 30 гр протеин од сурутка ( Whey Protein )
  • 200 мл. млеко со низок процент на масленост
  • 50 гр. боровинки – антиоксиданси
  • 50 гр. малинки – манган и витамин Ц
  • 2 лажички јогурт со низок процент на масленост
  • 100 мл. сок од портокал
  • половина банана
  • неколку коцки мраз

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu