Кои се најефективните вежби за топење на мастите

topenje

Науката којашто стои позади фитнесот знае да биде малку недефинирана затоа што е во постојано менување. Една минута едно истражување поддржува одредени тврдења, за веднаш потоа да ти кажат дека тоа е најлошата работа којашто можеш да си ја направиш самиот себеси.

Во напор да се смири лудилото, секоја недела веб порталот MensFitnes се обидува да ги разреши најчестите поставувани прашања на интернет. Денес, добивме одговор на следното прашање: Кои се најефективните вежби за топење на мастите и салото?

Одговор: Старата поговорка дека “мускулите ги согоруваат мастите” е апсолутно точна. Додека некои се плашат и веруваат дека кревањето на тежина е само за бодибилдери, тие ги игнорираат големите предности кои ги носи тренингот со подигање на тежина. Факт е дека зголемената мускулна густина го подобрува метаболизмот на човекот.

vezbi-za-topenje-na-mastite-st

Вежби за сила

Кога еден човек ќе започне тренинг со подигнувања, телото оди низ фазата наречена Excess Post-Exercise Oxygen Consumption (EPOC). Ова е состојба која му помага на телото да се одмори и бара процеси како што се надополнување и балансирање на хормоните. Исто така, како резултат на зголемената потрошувачка на твоето тело, мастите постојано се разградуваат. Голем број истражувања покажуваат дека ЕPOC фазата на разградување може да трае цели 38 часа после добар физички тренинг.

Тренинг програма за телото која вклучува вежби како што се мртво дигање, чучњеви, подигнувања на вратило или бенч прес, е најдобрата програма доколку вашата мисија е намалување на мастите.

Кардио тренинг

Што се однесува на кардио вежбите, голем број луѓе преферираат ритмички кардио вежби како џогирање. Како и да е, оваа вежба не е толку ефективна како што е спринтот. Спринтот и другите кратки анаеробични вежби го зголемуваат губењето на мастите така што му дозволуваат на телото да помине низ EPOC фазата, за која знаеме дека му помага на телото да ги согори мастите после тренингот.

Спринтвоите се поефикасни и поефективни од трчањето на долги патеки со споро темпо. Обиди се да пронајдеш слика од маратонец и од спринтер, и забележи ја огромната разлика во процентот на масно ткиво на нивните тела.

vezbi-za-topenje-na-mastite-st-1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu