Топ 3 суплементи за мускулна дефиниција

top-3-def

Додатоците во исхраната се неопходни за изградба на мускули и ретко по теретаните можеме да најдеме рекреативец кој не користи производи од овој тип. Секој оној кој го изложува своето тело на тежок физички напор и стрес во теретана, мора да има и подобрена исхрана како и додатоци во исхраната.

Кога станува збор за дефинирање на мускулна маса, амино киселините, Карнитинот и согорувачите на масти се топ 3 суплименти кои ќе ви помогнат во мускулната дефиниција.

top-3-masa-st

1. Амино киселини

amino

Зошто се најде на оваа листа: XXL Amino Liquid е високо квалитетен и ефикасен аминокиселински извор добиен од најдобрата мешавина на изолатен протеин од сурутка и хидролизиран желатин. Таа мешавина кај течните аминокиселински производи е одличен извор на есенцијални и неесенцијални аминокиселини, вклучувајќи ги и значајните аминокиселини со разгранет ланец (ВСАА).

Аминокиселините се градивни блокови на мускулите и имаат улога во одржување на позитивниот баланс на азот, кој е важен за раст на ново мускулно ткиво. Аминокиселините имаат и клучна улога во превенцијата од катаболичко разградување на протеините бидејќи ја помагаат реконструкцијата на мускулното ткиво после интензивни тренинзи.

Како се употребува: Како додаток во исхраната со посебна нутритивна употреба се зема една лажица три пати на ден. За постигнување на максимални резултати, консумирајте помеѓу оброк, веднаш после тренинг и пред спиење.

Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана.

Препорачан производ: XXL Amino Liquid – 1.000 денари

2. Л-карнитин

l-carnitine

Зошто се најде на оваа листа:Карнитинот игра одлучувачка улога во производството на енергија. Тој ги транспортира масните киселини во митохондрии каде со согорувањето произведуваат енергија. Со оваа клучна функција, карнитинот сместен во мускулите корисно ги употребува мастите како гориво, или народски кажано: ги топи мастите.

Како се употребува:  Луѓето со вишок на килограми кои сакаат да го забрзаат процесот на слабеење, како број еден суплемент за слабеење го користат Л-карнитинот.

Консумирајте една доза од 15 мл (според чашата за мерка) дневно пред тренингот.

3. Согорувачи на масти

thermo

Зошто се најде на оваа листа:Согорувачот Термо Спид Екстрем е исклучително јак препарат кој помага во намалување на телесната тежина и маснотиите во телото и помага во фазата на дефиниција. Во својот состав ги содржи состојките: кофеин, тирозин, екстрат на зелен чај, гуарана и цитрус.

Составен е од природни, високо концентрирани биоактивни состојки со силна синергетска и термогенска акција. Го стимулира распаѓањето и согорувањето на мастите со термална енергија, го инхибира катаболизмот на протеините.

Како се употребува: По една капсула 2 до 3 пати дневно: најмалку 30 минути пред тренинг или друга физичка активност и 30 минути пред оброк (појадок или вечера).

Производот е наменет за возрасни како додаток во исхраната. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu