Топ 3 суплeменти за изградба на мускулна маса

SuppSynergy_620x4452

Суплементацијата за аматерите до неодамна се сметаше за нешто лошо, сосема непотребно и штетно по здравјето. Оние кои консумирале било какви додатоци во исхраната, најчесто протеински, биле предмет на расправа и полемика па дури и самите тоа го криеле од останатите.

Денес сликата значајно е променета. Додатоците во исхраната се неопходни за изградба на мускули и ретко по теретаните можеме да најдеме рекреативец кој не користи производи од овој тип. Секој оној кој го изложува своето тело на тежок физички напор и стрес во теретана, мора да има и подобрена исхрана како и додатоци во исхраната.

top-3-masa

Кога станува збор за добивање на мускулна маса, гејнерите, креатинот и глутаминот се топ 3 суплeменти кои ќе ви помогнат во изградбата на здрава мускулна маса.

1. Креатин

kreatin

Зошто се најде на оваа листа: Креатинот природно се појавува во телото и доаѓа од храната, а најмногу го има во говедското месо. Креатинот може да ја надополнува вашата енергија во текот на тренингот. Делува така што ги заситува мускулите со високо енергетски комплекс наречен креатин фосфат, а тоа може да се користи од страна на телото како непосреден снабдувач на енергија.

Исто така ги хидратира мускулните клетки со вода со што резултира со раст на мускулните влакна.

Како се употребува: Најдобро да се консумира половина час пред тренинг и уште еднаш веднаш после вежбањето. Можете да го мешате со вода или џус од јаболко или портокал.

Оваа техника помага во градењето на мускулите додека тренирате и спречува пад на силата на вашите мускули за време на вежбањето. Препорачливо е да се пие околу 20-25 грама креатин во фазата полнење (првите 5 дена) и 5-10 грама во наредните 40 дена.

2. Глутамин

glutamine

Зошто се најде на оваа листа: Глутаминот е аминокиселина која со децении е меѓу омилените кај бодибилдерите. Глутаминот овозможува неколку бенефити во изградбата на мускулите – го зголемува мускулниот раст додавајќи леуцин во мускулните влакна, го спречува опаѓањето на мускулниот тонус и го чува имунитетот на високо ниво.

Глутаминот консумиран пред тренинг го намалува мускулниот замор во текот на тренингот и го поттикнува лачењето на хормонот за раст.

Како се употребува: Консумирањето на глутамин се препорачува 3 пати дневно. Првата доза внесете ја со доручекот (5-10 грама со вода или џус), а потоа измешајте го истото количество заедно со протеинскиот шејк пред и после тренинг.

3. Гејнер

gejner

Зошто се најде на оваа листа: Гејнерот е додаток во исхраната кој се состои од протеини и јаглехидрати, а често во него може да се најдат и витамини, минерали и др. Гејнерот е производ кој му дава на тренингот оптимална комбинација на брзо усвоиви протеини, аминокиселини и јаглехидратни комплекси со различна брзина на апсорпција.

Одличен избор е за луѓе кои имаат потешкои при качувањето на килограми.

Како се употребува: Измешајте една доза во 450 мл.вода или млеко со мала масленост. Консумирајте го со појадок, пред и после тренинг како протеински шејк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu