Совети за здраво слабеење

slabeenje

Има голем број на диети. Некои од нив се навистина делотворни, но лошо ќе се одразат на здравјето доколку не се професионално изработени за вашите потреби. Гладувањето никогаш не води кон добро и затоа треба да се јаде скоро сѐ, но во нормални порции. Еве како да го изгубите вишокот на килограми, а да не бидете гладни во ниту еден момент.

Треба да внесувате помалку калории – мрсните јадења сведете ги на минимум, а менито збогатете го со овошје, зеленчук, храна со нерафинирани јаглени хидрати и протеини. Исто така, физичката активност е од клучно и пресудно значење.

Треба да знаете да ја одредите количината на храна која ви одговара, а тоа нема да биде лесно доколку сакате и сте навикнати на поголема количина. Рибата и месото ќе ве снабдат со железо, селен, цинк, витамин Ц како и протеини. Месото не е забрането, но неговите мрсни делови се. Затоа консумирајте варено или печено пилешко месо, риба или телешко месо.

Секако ни со месо не треба да се претерува, а консумацијата на риба е препорачана најмалку два пати во текот на неделата.

Исто така како високо протеинска храна треба да се користат и јајцата кои што претставуваат храна богата со протеини, рибофлавин, витамин Б12, фосфор и селен. Жолчката од јајцето треба да се конзумира во ограничена количина поради високата содржина на холестерол.

fish

Компирот, оризот и секако лебот изобилуваат со јаглени хидрати, обидете се белиот ориз да го замените со кафеав, а белиот леб со интегрален секако во помала количина во текот на денот . Јадете ги без претерување, повеќе помали оброци во текот на денот и одржете го метаболизмот забрзан со цел организмот побрзо да ги согорува калориите.

 

Во врска со млекото и млечните проивзоди, секој знае дека изобилуваат со калциум и многу витамини, но трудете се да ги консумирате само оние производи кои имаат низок процент на млечни масти и тоа во ограничена количина поради високата содржина на млечен шекер – лактоза. Акцентот во исхраната ставете го на овошјето и зеленчукот. Слатките, чипсите и газираните пијалоци не ви се пријател кога слабеете!

Наместо чипси, консумирајте овошје – свежо или суво, како и природни овошни сокови без додатоци како што е шеќерот. Алкохолните пијалоци максимално избегнувајте ги. Водата нека ви биде вашиот прв избор за освежување.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu