Најчести грешки во исхраната на боди-билдерот ПЕТТИ ДЕЛ

pain-cpmmon-mistake-exercise

Балансот на продуктите не одговара

Балансот на продуктите во порциите не е баш таков како го препорачуваат некои нутриционисти. Друг распоред имаат продуктите во исхраната на мускулната “елита”. Со оптимална исхрана на истите се подразбира комбинација на квалитетни протеини и влакнести јагленохидрати, помали количини на “прави” масти, а шеќер.. ништо. Пропрцијата на хранливите материи варираат во зависност од и индивидуалните карактеристики. Некои луѓе сложените јаглено хидрати ги надувуваат затоа мора да ги внесуваат во помали количини, додека други пак конзмираат ориз и компир без никакви проблеми. Индивидуално е како нашето тело ја метаболира храната (како што е индивидуална бојата за коса или висината). Во рамка правилен внес би бил 50% калории од јаглени хидрати, 35% калории од протеини и 15% калории од масти. Ова представува почеток во правилната исхрана чија цел е развој на мускуланта маса со помал процент на масни наслаги. Кога ќе се тргне со ваков начин на исхрана треба да се следат резултатите и промените на телото и во соогласност со тоа да се коригираат односот на хранливите материи во порциите. Наједноставен начин да се направи ваков однос во една порцијата е половина од порцијата да се пополни со јаглено хидрати кој ќе биде составен од пола ориз и пола влакнести зеленчук (брокола, боранија итн), а другата половина со безмрсно месо (протеини). Што се однесува до мастите 15% тие во месото се доволно застапени.

Занемерување на значењето на сумплементите

Начинот на исхрана која ја бара бодибилдингот па и другите спортови и воопшто сите останати диети имаат секогаш мали дупки и недостатоци кои се пополнуваат и ги отклонуваат суплементите. Забуната во врска со суплементите е честа причина зошто не се користат доволно и правовремено (дури и спортските тренери не ги препорачуваат најчесто, затоа што тие и самите не се доволно информирани и упатени во целата проблематика). Ова е голема грешка! Со правилна употреба на суплементи како што се разни мултивитамински напитоци, протеински напитоци, аминокиселини, креатин, глутамин, можно е да се постигнат многу подобри резултати на полето на заздравување, енергијата и постигнување на врвните цели: ГОЛЕМИ И СИЛНИ МУСКУЛИ!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu