Исхрана за стомачни мускули

2NSU9H2krd-

Сонот на секој човек е да има убаво издефенирани стомачни мускули без ронка маснотии.

Но за да се постигне тоа покрај многу вежбање треба да се корегира и исхраната. Исхраната треба да биде правилна за да во комбинација со квалитетни вежби да даде прави резултати. Оваа комбинација е клучот за успехот.

Оброците треба да бидат редовни, што значи дека не постои прерипување оброци и мора да бидат правилно распределени. Ова значи дека треба да има повеќе оброци. Се препорачуваат 5-6 во тек на денот.
Тоа се помали и поголеми оброци. Во помалиот спаѓа ужината која се состои од овошје или зеленчук,а во голем оброк спаѓа главниот оброк, а тоа е доручек, ручек или вечера. Со таа комбинација од помали и поголеми оброци ќе се постигне добар резултат, бидејќи тоа ќе го зголеми вашиот метаболизам и со тоа ќе се согоруваат калории. Ова исто така ќе го растерети вашето тело и ќе го олесни варењето на храната. Значи два часа пред ручек и два часа пред вечера каснете, односно изедедете мал оброк, а можете и два часа по вечерата, ако тоа е лесна храна која нема да го оптерети стомакот пред спиење. Ако земете обилен доручек, ручек и вечера, ќе внесете голем број на непотребни јаглехидрати и масти кои ќе се таложат и ќе создадат сало. Стомакот би изгледал надуен.

За појадок може да се јаде на пример мусли со млеко или јогурт.

За ужина може да јадете парче овошје или сендвич со зеленчук, бидејќи тоа не е тешко да се свари или доколку немате време и комбиниран протеин со одложено дејство е добар избор.
Немасно месо и риба се одличен избор за главните оброци во текот на денот комбинирани со салати или приготвен зеленчук.

За вечера може да се јаде салата со зеленчук бидејќи таа е лесна храна, во комбинација со белки од јајце, туна, или немасно сирење
Треба да пиете што повеќе течности, особено додека тренирате, бидејќи тогаш многу се трошат.

Ова е важно за да се избегне дехидрација на телото. Исто така се препорачува и зелениот чај за кој е докажано дека влијае врз согорување на маснотиите.

Овошје во лушпа, како што се ореви, бадеми и лешници се исто така многу добро за стомачните мускули. Не треба да заборавиме на јогуртот и млекото кои треба да бидат вклучени во вашето дневно мени, бидејќи тие се многу богати со протеини, кои се од суштинско значење кога тренирате.

Тренинзите можат да бидат многу напорни и ви треба многу енергија, при што во голема мерка може да придонесе за потреба на внесување протеини.

Исто така, имајте на ум дека кога ќе избирете млеко и јогурт обрнете внимание да се изберат тие со низок процент на масти. Исто така се препорачува немасно сирење.

Изборот секако зависи од вас и ако се практикува да се земе сè како што е наведено, и имате добар тренинг, ќе бидете во можност да се пофалите со убави стомачни мускули.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu