Што е метаболизам?

883778_1380044805580591_1439243282_o

Тоа е процес со кој вашето тело ги претвора калориите од храната во енергија. Луѓето често веруваат дека метаболизмот кај слабите луѓе е брз, а кај дебелите е спор, ама тоа не е секогаш така.

Метаболизмот не е единствен фактор кој ја одредува вашата тежина. Таа зависи и од балансот на калории кои се конзумираат, наспроти согорените калории.

Ако земате повеќе калории него што ви е потребно, добивате на тежина.

Ако земате помалку калории него што ви е потребно, губите на тежина.

Метаболизмот е како мотор, кој ги согорува тие калории и скала која ги регулира вашите калориски потреби.

Вашиот метаболизам ( количината калории кои ги согорува вашето тело секој ден) опфаќа три клучни работи:

1. Основни потреби- позната како прво скалило во базалниот метаболизам, која ги покрива калориите кои се потребни за одржување на виталните телесни функции; “гориво” за органите, дишење, циркулација на крвта, регулирање на хормонски нивоа, растење и обновување на ќелии. Ова прво скалило на базалниот метаболизам опфаќа 66%-75% од вкупните калории кои дневно се потребни на телото.

2. Варење и апсорбирање на храната –околу 10% од дневните калории одат на варење и апсорбирање на храната која ќе ја изедете.

3. Физичка активност – Тренирањето во зависност колку сте активни преку ден се смета како средство за согорување на калории.

Еве неколку фактори кои влијаат на метаболизмот, а не можат да се контролираат:

– Старост – Метаболизмот природно успорува околу 5% по декада, по четириесета година. Тоа е воглавно затоа што сме постари, ја губиме мускулната маса, а го зголемуваме салото. Мускулната маса без мастите метаболички е поактивна него масното ткиво. Така кога ги губите мускулите, вашиот метаболизам успорува.

– Пол – Мажите генерално имаат побрз метаболизам него жените, затоа што се покрупни и природно имаат помалку маснотии. Утврдено е дека мажите имаат 10-15% поголема стапка на базалниот метаболизам него кај жените.

– Hipotireoza – помалку активна тироидна жлезда која го успорува метаболизмот и доведува до дебелење. Добри вести: со едноставна анализа на крвта може да се востанови оваа состојба и со лекови кои одговараат вашиот метаболизам ќе се врати во нормала.

– Генетика – Некои луѓе се доволно среќни да се родат со брз метаболизам, додека други не се.

Еве и неколку работи кои можат да помогнат да се забрза вашиот метаболизам:

– Немојте да јадете помалку од 1000 калории! Вашето тело и метаболизмот зависат од храната. Кога постите или сте на диета или ги намалите калориите под 1000 вашиот метаболизам ќе успори – како одговор на чувањето на енергија. Замислите дека вашиот организам е пламен кој распламтува… Хранете го пламенот со дрва кои одговараат и тоа по некој утврден редослед тој и понатаму ќе се распламтува. Ако нема доволно дрва огонот се гаси. Со многу дрва – тој бега од контрола, исто како и вашата половина!

– Јадете на секои 4-5 часа! нашето тело напорно работи да ја апсорбира храната која ќе ја изедеме па метаболизмот е под полн “гас”. Тоа се вика термички ефект на храна. Распоредете ги порциите и јадете на секои 4-5 часа.

– Нека доручекот ви биде приоритет! Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно доручкуваат по два часа од станување имаат поголема шанса да ја контролираат својата тежина. Можеби затоа што ја подигаат својата метаболичка стапка, зошто била во фаза на мирување преку ноќта.

– Протеини во секоја порција. Јадењето на сите видови храна произведува термички ефект и малку ќе се забрза метаболизмот по вашиот оброк. Сепак конзумирањето на протеини предизвикува најголемо метаболичко забрзување, кога ќе се спореди со јаглено хидратите и мастите, Исто така, земањето на протеини во количини кои одговараат на вашите потреби ќе ја осигурате можноста да ја одржувате мускулната маса.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu