ТРЕНИНГ ЗА СИЛА – ПОВТОРУВАЊА ИЛИ ТЕЖИНА?

Train-Movements

Редовното применување на тренингот за сила гарантирано придонесува до зголемена енергетска ефикасност и значително намалување на можноста за повреди. Сепак, во светот на фитнесот постои дилема, дали овој тренинг треба да се изведува со повеќе повторувања а помала тежина или со поголема тежина и помалку повторувања. Што е подобро?

Силовиот тренинг е незаменлива компонента во тренажниот циклус на секој спортист. Поентата на овој тренинг е да им даде сила и функционална моќ на мускулите кои директно или индиректно се вклучени при физичката активност која спортистот ја практикува.

Во последните неколку години, Проф. Стјуард Филипс од Универзитетот МекМастер се посветил на истражувања со кои сакал да даде одговор токму на ова прашање. Она што произлегло како краен резултат претставувало вистинско изненадување за сите.

Студијата била спроведувана во период од 12 недели и опфатила 49 волонтери со минимум две годишно искуство(три пати неделно) во практикување на силови тренинзи. Истата била составена од 4 тренинзи неделно и вкупно 5 вежби кои се изведувале во 3 серии. Половина од волонтерите работеле со тежини кои се 75%-90% од максималната тежина која можеле да ја подигнат и 8-12 повторувања на вежбата, додека втората половина работела со помали тежини и повеќе повторувања, односно 35-50% од максималната тежина со преку 20 повторувања на вежбата.

По 3 месеци резултатите биле крајно неочекувани. И првата и втората група ималаречиси идентични резултати. Единствена вежба во која резултатите се разидувале до одреден степен била Бенч пресата. Резултатите биле идентични и во нивоата на хормони кај волонтерите. Биле мерени нивоа на 6 хормони за кои се смета дека се непосредно вклучени во изградбата на мускулната маса и кај сите нив вредностите биле речиси идентични.

Заклучокот на професорот е дека во суштина она што влијае врз зголемување на силата на мускулот не е тежината или бројот на повторувања, туку нивото на замор кое ќе го предизвикате со одредена вежба. Односно, она што тој го сугерира е дека доколку сакате да ја зголемите мускулната сила, вежбата која ја работите треба да ја изведувате до откажување, независно од тежината или бројот на повторувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Main Menu